Search This Blog

Friday, June 23, 2006

Славомакедонија Славомакедонци (четврт дел)

Некако ме окупира оваа тема во последниот месец. На таа тема веќе имав неколку написи со прекрасни коментари од вас колеги Блогери.
Славомакедонија – Славомакедонци -
15 Јуни, 2006 Славомакедонија – Славомакедонци (втор дел) - 16 Јуни, 2006
Славомакедонија – Славомакедонци (трет дел)
- 17 Јуни, 2006

Некако имав чуство дека пак ке се навратам на темата. Во минатите три поста за ова тема некаде во коментарите имаше посочен еден инспиративниот напис на Лалчиќ -
Македонски идентитет?

Тој во својот напис ја дава Ретортата на народите кои поминале со вековите наназад низ овие простори - од која реторта потекнува и Македонски идентитет... и вели:
-Многу одамна од Епир, преку Пинд навлегоа воинствени групи на Протомакедонците и ја завладеаја широката земја по сливовите на реките Бистрица, Вардар и Струма.
-Тука се измешаа со многубројните палеобалкански пајонски племиња и тој супстрат во наредните векови го заокружи античкиот македонски ген.
-Потоа дојдоа Римјаните, донесоа помал процент дојденци од околу Медитеранот.
-Во антиката дојдоа разни групи: Хуни, Готи, Авари, Протобугари, Словени.
-Во средниот век доаѓаа Печенези, Кумани, Арбанаси, Срби, германските Саси, Турци и други.

Понатака во разногласието што се водеше во Академијата по повод изјавата на Ќулафкова : “...Атрибутот славомакедонски не го негира македонскиот идентитет ...Атрибутот славомакедонски ја дообјаснува македонската припадност и идентитет..Атрибутот славомакедонски ја дообјаснува, а не ги негира македонската припадност и македонскиот идентитет.

Посебно го издвоив мислењето на
Академик Блаже Ристовски:
“..нашето национално и државно име не е уставно, туку тоа е етнокултурно и историско. Во последните десетина години во Македонија се појавија различни, главно однадвор инфилтрирани, мислења за македонската етногенеза, за македонскиот ентитет и за македонскиот културно-национален развиток низ историјата. Македонската академија на науките е навистина должна, независно од државно-политичките ставови што најчесто се темелат и врз факти и аргументи што не се познаваат, да се изјасни за овие и за сличните прашања. Повеќепати сум го поставувал тоа прашање усно и писмено. Треба да се знае дека ние сме Македонци, етногенетски создадени од нашата и воопшто и од балканската историја.Зборуваме словенски јазик како писменост наследена од солунските браќа Кирил и Методиј и особено од охридските светители Климент и Наум. Но, ние сме наследници на целата култура и историја на се' што станувало на географско-историската територија што го носела и го носи македонското име..“

Овие денови истражувајки по една друга тема налетав на еден прекрасен напис на нашиот колега Блогер
кибицер кој во тоа време блогирал на Блогспот.

Етимологија на името МАКЕДОНИЈА

Топло го препорачувам за препрочитување. Ке дознаета како нашиот колега кибицер стручно размислува на темата на Етимолошкото потекло на името Македонија. Иако можеби колегата кибицер ке ми се налути заради објавување на делови од неговиот пост, но се надевам дека ке ја свати правилно мојата потреба да репродуцирам поголеми делови од тој пост.

За оние кои не знаат моите информации говорат дека колегата кибицер е веќе Магистер на Историските науки а го спрема и Докторатот - Чинам во областа на Средниот век или така нешто.

Сево ова го кажувам за посебно да ги цените неговите постови кои се од Историски карактер. Бидејки ретко меѓу нас Блогерите имаме прилика да комуницираме со Експерти.

Нашите експерти поготово оние во МАНУ сеуште не ни знаат што е Интернет - или толку малку знаат што не се осмелуваат да напишат по некој ред од своите наулни трудови и да ги стават своите наулни трудови на судот на “нестручната Блогерска јавност“.

Но кај и да е Интернетот ке победи а ке дојде брзо време да сите стручни трудови неодложно се ставаат на проверка на Интернетот.

Отупев.

Во врска со мојот денешен пост наидов на прекрасен напис-во напис јас би рекол во коментарите на погоре поменатиот пост на кибицер
Етимологија на името МАКЕДОНИЈА

На прашањето на еден од посетителите од Блогот - дека во денешно време има луѓе коишто тврдат дека сме потомци на Античките Македонци. Јас кога учев Историја во школо не се учеше така, учевме дека сме Словени.

Колегата кибицер одговара подолго и ке си дозволам целосно да го цитирам.

Етногезата на еден народ е долготраен и сложен процес. Во него учествуваат многу компоненти и истиот зависи од многу услови, општествено - политички, социјални, културни и сл.

Правилно те учеле во школо. Не, ние не сме директни потомци на античките Македонци. Меѓутоа, денес не постои народ кој е директен потомок на античките народи. Дури ниту Евреите кои важат за најзатворена етничка заедница не можат да се пофалат дека се директни потомци на античките Хебреи.

Идејата за чисти народи ја лансирале нацистите на Хитлер, и истата умре со падот на нацизмот во 1945 година.

Освен тоа, никој нема право да го негира учеството на доминатната словенска компонента во етногенезата на современиот македонски народ, како што не може да се оспори и уделот на античките Македонци во тој процес. Античките Македонци не исчезнале, само со текот на времето биле асимилирани од доминантното словенско население.

Учеството на различните компоненти во етногенезата на било кој народ(не само на македонскиот) не може математички да се определи. Историските и социолошки процеси не можат да се измерат математички. Единствено може да се определи која етничка компонента била подоминантна т.е. оставила поголем белег во процесот на етногенеза. Денешниот македонски јазик е сосема словенски, културната оставштина од средновековието е претежно словенска, сите средновековни учени кои потекнувале од Македонија пишувале и говореле на старословенски јазик. Тоа е неоспорен аргумент за доминантноста на словенската етничка компонента во етногенезата на македонскиот народ.

Сите оние кои тврдат дека Словените не дошле во Македонија т.е. дека сме директни потомци на античките Македонци изнесуваат крајно ненаучен и погрешен став. Нивните аргументи се ненаучни и не се базираат на историските извори.

Негирајќи ја словенската компонента во нашата етногенеза всушност ги негираме делото и културното наследство на Светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, Климент и Наум, и многуте други црковни дејци од македонските простори кои твореле во средновековието.

Друго е прашањето дали во средниот век, или поточно во времето на Кирил и Методиј, Климент, Наум и цар Самоил, можеме да говориме за македонски, бугарски, српски, хрватски, руски, грчки, германски, француски народ во денешна смисла на зборот.
Конкретно на Балканот во раното, средновековие, па и подоцна, народот најпрво се идентификува според црквата, а потоа според државата во која живее, а дури потоа според јазикот. Според црквата на Балканот, вклучително и во Македонија живее исклучиво православно население, според државата во кое тоа население живее во различни периоди во изворите се спонува како Ромејско, Бугарско, Српско (што не значи и дека биле Грци, Срби, Бугари во денешна смисла на зборот), а според јазикот тоа население е доминатно словенско.

Поимот и перцепцијата за етничка пропадност во средниот век е сосема различна од онаа која се јавува во времето на просветителството по Француската револуција во 1789 г. и која преовладува до денес.

Морам да кажам дека уживав во препрочитувањето на горните мисли на нашиот колега кибицер

No comments:

Blog Archive

Site Meter