Search This Blog

Thursday, June 22, 2006

Новите пасоши

Ај со среќа нека ни се. Долго ги чекавме и многу афери позади себе оставија. Се надевам дека ке се долговечни.

Веста ја пренесоа скоро сите весници и медиуми.
Линкови: 1, 2, 3, 4

Новите пасоши се изработени од поликарбонат и имаат тројна заштита од фалсификување, како и биометрички чипови со податоци за граѓанинот.

Фотографијата и личните податоци за сопственикот на исправата ласерски се внесуваат во пасошот, така што е невозможно да бидат фалсификувани.

Со новите исправи Македонија исполнува еден од критериумите за олеснување на визниот режим - па ај нека се исполнат и другите услови и веќе еднаш да се симнеме од листата на земји за кои е потребна Виза за влез во ЕУ. Во нашиот нов дом.

No comments:

Blog Archive

Site Meter