Search This Blog

Sunday, June 11, 2006

Бучковски Владо

Владо Бучковски - Википедија
Владо Бучковски
Зголеми
Владо Бучковски

Владо Бучковски (роден 2 декември, 1962 во Скопје) е премиер на Република Македонија, избран од парламентот на 15 декември 2004. Тој е претседател на СДСМ.

Владо Бучковски дипломирал на Правниот факултет - правосудна насока во 1986, а магистрирал во 1991. Во 1998 докторирал на тема “Римско и современо заложно право”.

Од 1987 до 1988 година Бучковски работи како стручен соработник во Собранието на Република Македонија. Во периодот од 1988 до 2002 година тој работи како наставник, соработник, помлад асистент и асистент на Правниот факултет во Скопје. Во 1998 е избран за доцент по предметот римско право, додека во 2003 година е избран за вонреден професор.

Во периодот од 1998 до 2000 година Бучковски е член на Државната изборна комисија, а од 2000 до 2001 година е претседавач на Советот на град Скопје.

Во периодот од 13 мај до 26 ноември 2001 година тој е министер за одбрана во широката коалициска влада.

Од 1 ноември 2002 година Бучковски е член на Владата на Република Македонија, во која ја врши функцијата министер за одбрана. На оваа функција е до ноември 2001.

Од ноември 2002 до декември 2004 повторно ја врши функцијата министер за одбрана во владата на Бранко Црвенковски.

На 15 септември 2003 година стана претседател на Правниот совет на Владата.

На 26 ноември 2004 беше избран за лидер на СДСМ. Истиот ден му беше доеверен мандатот да формира нова Влада по оставката на претходниот премиер Хари Костов.

На 15 декември 2004 година Владо Бучковски беше избран за претседател на Владата на Република Македонија, функција која ја извршува и денес.

Ете ги погоре основните податоци кои ги дава Википедија за Владо Бучковски.

Во продолжение ке ви дадам некои линкови кои се интересни за Бучковски Владо, како Интервјуа, Експозеа и Имотната состојба.

Моите лични коментари ке ги дадам во коментарите подолу - во зависност од Вашиот интерес.

Еве подолу неколку интервја со Бучковски (кликните на бројките)

1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, .....

Еве подолу ке ви дадам и линк од ЕКСПОЗЕ НА МАНДАТАРОТ БУЧКОВСКИ ПРЕД ГЛАСАЊЕТО ЗА НОВАТА ВЛАДА или тука

Имотниот лист на Бучковски

Бучковски поседува „дел (84 м2) од семејна куќа во Скопје во населбата Козле во вредност од 100.000 евра и дел (68м2) од семејна куќа во Скопје во населбата Жданец во вредност од 70.000 евра“, се наведува во имотниот лист што го објави неговиот кабинет.

Во имотниот лист на Бучковски има промена од 2002 година во подвижниот имот. Премиерот во септември годинава за 9.000 евра ја продал својата МАЗДА 232 ТДИ, произведена во 2001 година

Во јуни 2003, Бучковски го продал за 8.000 евра автомобилот Браво 1,2 произведен во 2001 година, што го купил исто така за 8.000 евра.

Бучковски го објавува имотниот лист врз основа на Резолуцијата за борба против корупцијата донесена минатата недела од македонското Собрание и „верува дека неговиот пример ќе го следат и другите носители на јавни функции“, се наведува во соопштението.

За повеќе види тука и тука.

Премиерот Владо Бучковски поседува две семејни куќи во скопските населби Козле и Жданец со вкупна вредност од 170 илјади евра, а „маздата" што ја возеше изминатите неколку години ја продал минатиот месец.

За повеќе види тука

2 comments:

Photo Volan said...

Морам најпрвин да кажам дека денеска е многу лесно да си аналитичар. Треба да имаш аналитички способности и треба да си вичен со Интернетот. Секако треба и Интернет да имаш и тоа не било каков туку БРЗ Интернет.

Имам многу идеи за тоа како би направил јас да сум во некој изборен штаб. Но се разбира тука нема да ги откривам. За тоа треба некој да плати. 

Сега која е мојата лична представа за Бучковски Владо.
За разлика од некои предходни политичари кои излегоа на Македонската сцена во годините на Македонската независност – Бучковски се појави на политичката сцена од кога поработе и некои други работи – кои му биле опсесија во неговиот живот.
Имаше некоја надеж во мене дека ке успее нешто да направи.

Но навистина морам да кажам дека на крај и е големо разочарување. (За ваша информација, јас сум политички неопределен).
Ме разочара уште од почетокот што ги омаловажи Економистите, велејки дека ако можел се да научи многу брзо, ке научел за неколку месеца се за ЕКОНОМИЈАТА. Таа омаловажувачка изјава не му требаше. Економија не се учи за неколку месеца.

Навистина на почетокот ветуваше - проба да створи тим околу себе од домашни и странски експерти. Собра околу себе и дел од Македонската Олигархија. Направи некакви проекции – и толку. Економските резултати не ги подобри.

Поштен или непоштен. Наизглед изгледа за поштен човек.
Лошо е тоа што премногу ветува, а потоа не може да го исполни ветувањето.

Лошо беше и тоа што беше премиер во лет. Толку земји посети и со толку луѓе се виде – а резултати од сето тоа беа мали... Ваљда не ја сфати премиерската фотеља како можност што повеќе да прошета... и тоа гага...

За да не должам за сега толку. Ако има интерес ке пишам уште некој збор.

Anonymous said...

Здравия всем,

Самая стабильная [url=http://popplers.ru/]партнерская программа[/url] [b]Popplers.ru[/b] предлагает Вам сотрудничество на выгодных условиях. Мы покупаем ваш ру трафик по выгодным ценам. Владельцам сайтов, вебмагазинов и веб мастерам мы предоставляем выгодные условия, отзывчивую поддержку и проффесиональный подход в нелегком бизнесе рунета.
отличная возможность надежно заработать, выгодная рефферальная программа, направьте ваш ру трафик в нужное русло, в русло прибыли которое принесет вам [url=http://popplers.ru/]Партнерка[/url] [b]Popplers.ru[/b] . Вывод средств в WebMoney или PayPal, возможность срочных выплат в любой день недели, персональный подход к каждому адверту.

Покупаем ру трафик по следующим ценам за 1k:

DoorWays - 6у.е.
Popunder - 5у.е.
CJ - 5 у.е.
Clickunder - 4 у.е.

Ждем Вас в нашей программе!

ICQ: 498994074

Blog Archive

Site Meter