Search This Blog

Friday, June 23, 2006

Купување на Невладините организации

Владата на две недели пред избори, во ек на изборната кампања почести стотина невладини организации со 15 милиони денари или 242.000 евра.

Најмногу ќарија:
-Сојузот на синдикатите на Македонија дури 2 милиона денари или 32.786 евра и
-Сојузот на борците - 1,250.000 денари или 20.400 евра.
-Останатите невладини организација добија од 20.000 денари до најмногу 300.000 денари. Оваа граница ја надминаа само
-Сојузот на организации на жени и
-Сојузот на здруженија од егејскиот дел на Македонија кои добија по 350.000 денари или по 5.700 евра.

Владата се спрема за Опозиција и се додворува на “Невладините организации“ кои ги почасти со пари од државниот буџет. Повеќе тука.

“..Во ССМ немаат коментар зошто горните Невладини организации секоја година добиваат најмногу пари ниту, пак, зошто овие пари се распределуваат само тринаесет дена пред денот на гласањето..“

No comments:

Blog Archive

Site Meter