Search This Blog

Saturday, June 03, 2006

Св. Константин и Елена

Св. Константин и Елена

Црквата „Св. Константин и Св. Елена Мина“, 1930-тите
Во чест на денешниот празник, а а про по постот на Кибицер за истиот, би додала...На местото од денешен ГТЦ и денеска можат да се видат темелите. Се што треба да направите е да се симнете долу во подземната гаражата. Постои една врата која кој знае дали некој ќе ви ја отвори. Ако тоа се случи, тогаш ќе ви биде овозможено да добиете посебно чувство гледајќи ги темелите на црквата ,,Св. Константин и Елена", која е урната од земјотресот во `63-та година, никогаш не обновена и врз кој е изграден денешниот ни наш ГТЦ-Скопје.

Ова погоре е преземено од постот на Археолошки дневник

Сите цркви по Скопје и воопшто сите свети места по Скопје и Македонијата ни изобилуваат со мистика.

Секое мистично место си има своја приказна. Еве разлог да се направат серија постови за старите мистични места по милата ни Македонија.

За жал за црквата св. Константин и Елена мислам на Скоппската што веќе ја нема нема скоро никаков запис по интернетов. Има во некои записи жалење на Скопјани зошто од нивната меморија ја снемало оваа црква која била во најстрогиот дел на Скопје. Има барање на црквата за враќање на земјиштето во владение на Македонската црква. Има неколку иницијативи да се изгради барем некој поимпозантен параклис или некое мало Црквиче како она во кругот на централната болница во Скопје.

Во една друга прилика сретнав еден добар напис на интернет кој ја градел црквата и кога - но сега се утепав од барање и не го најдов написот.

Имам и една прекрасна идеја да се собереме некој ден пред ГТЦ и во знак на сеќавање на црквата да запалиме свеќа. А уште подобро би било тоа да се обратиме до нашата црква и заедно со нив тоа да го сториме.

За жал тоа би требало и би било убаво денеска да се организира но мислам дека нема време за денеска. Би било насилено. Затоа останува преку нашите тастатури денеска да изразиме почит кон ова свето место во Скопје, а со тоа и да ја спомнеме црквата во нашите мисли. Жалосно е што во Блогосферата ке има многу малку луѓе кои имаат лешно сеќавање на црквата - блогпопулацијата е млада. Но затоа може да си ги прашаат своите родители за неа и да ни раскажат по некоја интересна лична сторија од своите родители.

Многумина од нив се крстени и венчани во таа црква.

Истотака вреди да се споменат и уште неколкуте цркви со исто име низ Македонија. Во Охрид, во Берово во едно од Скопските села и веројатно сум испуштил некоја. Сите тие цркви имаат интересни стории и вреди да се раскажат.

1 comment:

Anonymous said...

Super color scheme, I like it! Keep up the good work. Thanks for sharing this wonderful site with us.
»

Blog Archive

Site Meter