Search This Blog
Tuesday, May 30, 2006
Посетете ја изложбата - Технологијата на праисторискиот човек
ИЗЛОЖБА ЗА ПОЧЕТОЦИТЕ НА ЧОВЕШТВОТО
Технологијата на праисторискиот човек
УТРЕВЕЧЕР ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА, ПОСТАВКАТА КОЈА Е ГОСТУВАЊЕ ОД ХРВАТСКА, ЌЕ ЈА ОТВОРИ АМБАСАДОРОТ ИВО КУЈУНЏИЌ
-Како се развивале технологиите од најстарите палеолитски периоди?
-Како еволуирал човековиот род со промените кои настануваат со употребата на глината, а подоцна и на металот?
-Како ги изработувал праисторискиот човек своите алатки од камен?
Одговорите на овие интересни прашања ќе може да ги пронајдеме на изложбата "Почетоците на технологијата", која утревечер ќе биде отворена во Музејот на Македонија. Оваа поставка доаѓа од Археолошкиот музеј од Загреб, Хрватска и е возвратна посета на изложбата "Македонските бронзи", којашто беше презентирана во Загреб, изминатата година.
На изложбата, која ќе ја отвори хрватскиот амбасадор во Македонија, Иво Кујунџиќ, ќе бидат презентирани артефакти и фотографии од најстарите праисториски периоди. Акцент е ставен на старото камено време, односно на почетоците на животот на човекот на нашата планета.
"Ова е прва изложба од ваков вид кај нас. Освен обичната публика, многу е интересна и за научната јавност и за студентите бидејќи има едукативен карактер и може да се видат различни важни периоди од развојот на човештвото", вели Љиљана Шаламанов-Коробар, виш кустос за старо камено време. Таа додава дека Хрватска е земја со богата традиција за археолошки ископувања и истражувања, и тоа од крајот на 19 век, нешто што кај нас почна подоцна.
Публиката ќе се забавува и со краток филм, на кој ќе биде демонстрирана изработка на камени алатки. Заедничката иницијатива финансиски е поддржана од нашето Министерство за култура и од Службата за образование, култура и спорт од Загреб. (А. Ј.)
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2006
(586)
-
▼
May
(38)
- Посетете ја изложбата - Технологијата на праистори...
- Не е важно колку си богат важно е што имаш во глав...
- Државата ке ни лепи “Давидови звезди“
- Кого запослува Владата во администрацијата
- Интернет-Македонија
- „Кејбл тел“ заинтересирана за купување на кабелск...
- Конкуренција во телекомот
- Бесплатен интернет
- Албанија не претркува
- Macedonian language: Information From Answers.com
- Да даде Бог да имаш – па да однемаш
- Како да се справиме со крадците на шахти
- Неверници пазите ве следат
- Интернетот во Македонија
- Специјалниа војна за питките води
- Како во Албанија се однесуваат према крстовите
- Конспиративни странски инвестиции
- Продолжува легалната “пљачка“ на МТ
- СДСМ ги работат ВМРО-Народна
- Работа за млади и здрави
- Јустинијан Први - Македонски бренд 2 дел
- Румунските просечни плати 320 евра - а протестираа...
- Лицемерната Економска политика на СДСМ
- Лицемерна стратегија на ЕУ за Балканот
- Само што го научив магарето да не јаде - тоа умре
- Јустинијан Први - Македонски бренд
- За Македонскиот менталитет
- Прстенот на Гоце Делчев
- Македонските Олигарси
- Пропаднати држави за 2006
- Крајот на служење војска !
- Сиромаштија и ММФ
- Биографија за Миладиновци
- Улицие и плоштадите - пазари
- Разнесено културно богатство
- ДЕЖУРНИ СЛУЖБИ - за празниците
- Кога ЕУ ке ги почне преговорите за членство со МК
- Кои денови се празнува, кај нас и во соседството
-
▼
May
(38)
2 comments:
Super color scheme, I like it! Keep up the good work. Thanks for sharing this wonderful site with us.
»
Your site is on top of my favourites - Great work I like it.
»
Post a Comment