Search This Blog

Wednesday, May 17, 2006

Неверници пазите ве следат

Има нова мода во Македонија. Сумњичавите мажи и жени ангажираат агенции за следење на своите партнери и фаќање во неверство.

За ова има интересен напис во Утрински Број 2081 среда, 17 мај 2006 http://www.utrinskivesnik.com.mk/

Интересни и комични искуства на агенциите за обезбедување кои сў почесто се во улога на детективи

Најмила детективи да го следат неверниот маж, па не им платила

Македонските мажи с? почесто се сомневаат во верноста на своите сопруги, па ги повикуваат на помош приватните детективи да им ги потврдат или отфрлат сомневањата. Бизнисмените не им веруваат на своите партнери, па преку агенциите за обезбедување ја проверуваат нивната лојалност и чесност.
-
Тие (Агенциите) раскажуваат за една случка од поодамна кога сопруга на поранешен функционер, чии сомневања се овистиниле дека мажот ја изневерува, налутено ги обвинила детективите дека ? го растуриле бракот и одбила да им плати за направената услуга.
-
Сомневајќи се во сопругот, таа најмила детективи да го следат надвор од земјава, каде што тој заминал на службен пат заедно со секретарката. По враќањето од патот, детективите донеле цел плик со фотографии на страстен однос меѓу сопругот и младата секретарка. Изневерената жена го дочекала мажот дома и избезумена пред него ги фрлила фотографиите - како доказ за неверството. Владиниот службеник си ги спакувал куферите и ја напуштил жената. Оставената сопруга утредента отишла во агенцијата за обезбедување и го нападнала сопственикот, обвинувајќи го дека поради него ? пропаднал бракот, поради што одбила да им плати за услугата.

No comments:

Blog Archive

Site Meter