МАКЕДОНИЈА САМО ВЕРБАЛНО МОЖЕ ДА СЕ ПОФАЛИ ДЕКА Е ЛУЛКА НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ, БИДЕЈЌИ НАЈГОЛЕМИОТ БРОЈ ОД ДОКАЗИТЕ ГИ ЧУВААТ СОСЕДИТЕ ВО СВОИТЕ НАУЧНИ ИНСТИТУЦИИ. КОНКРЕТНО, ПРЕКУ ОДЗЕМЕНИТЕ СРЕДНОВЕКОВНИ РАКОПИСИ НА НАШАТА ИСТОРИЈА И Е НАНЕСЕНА НЕПОПРАВЛИВА ШТЕТА
-Македонија - лулката на словенската писменост може само вербално да се пофали дека е токму тоа, бидејќи најголемиот дел од доказите за тоа - средновековните ракописи се чуваат во музеите, библиотеките и научните институции на соседите и во некои од европските држави.
-Во Македонија не е зачуван, односно нема ни еден од најстарите глаголски ракописи, иако седум од деветте најстари се создадени во Македонија, а токму најстарите и највредни ракописи се наоѓаат надвор
-Поголем дел од тие книги и ракописи денес се наоѓаат во повеќе европски градови, во Белград, Загреб, Москва, Одеса, Санкт Петербург, Софија, Пловдив, Краков, Букурешт, Ватикан, Минхен, Париз, Лондон, а мал дел (само 400) е зачуван во Македонија.
-Бугарите ги имаат највредните македонски ракописи
*Едно од најбогатите депоа со македонски ракописи во светот се наоѓа во Народната библиотека "Кирил и Методиј" во Софија. Таму се чуваат и неколку десетици ракописи од 14. век сите напишани на пергамент.
*Исто така и во Бугарската академија на науки и уметности се чуваат вредни ракописи од Македонија.
*Во Рилскиот манастир меѓу другото се наоѓаат и речиси најстарите македонски книжевни траги. Тука спаѓаат македонски глаголски листови од 11. век, а шест од нив се наоѓаат токму во Рилскиот манастир,
*а два листа во Руската академија на науките.
-Џинот продавал ракописи
*Преродбеникот Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Цветаноски во својата книга го посочува како сопственик на приватна збирка на стари ракописи и како трговец со истите. *Видниот македонски преродбеник и доставувал на бугарската егзархија во Цариград и во Софија,
*а подоцна и на српското учено друштво во Белград многу вредни ракописи. Една колекција од 36 вредни ракописи и продал на Народната библиотека во Белград.
*Џинот во цариградски весник пишува дека во тој период додека тој живеел, најмногу ракописи имало во Охрид и Охридско, но таму калуѓери "не од наш јазик" ги уништувале меѓу другото и со фрлање во Езерото.
*Во некои странски библиотеки, денес има ракописи што дури и Џинот ги продал.
Инспиративниот напис во Вечер:
Македонија ја крадел кој ќе стигнел
Инспириран од книгата на Нове Цветаноски, и книгата "Разнесено богатство".
Слични написи во овој блог
2 comments:
Со слична проблематика, за немилосрдно крадење на културното наследство во МК, се занимава и денешното ВРЕМЕ во написот:
“Недостига акција за враќање на културното богатство“
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=727&ArticleID=46752
Тука се пренесени заложбите на Јован Ристов, директор на Управата за заштита на културното наследство - кој неколкупати се огласува со ставови дека треба:
-најнапред да се евидентира се што е однесено од Македонија а представува Македонско културно наследство
-да се опише предметот
-да се каже кој сега го поседува и на каков начин дошол до неа
-и за секој одземен предмет да се поведе постапка за Реституцијата-враќање на културното наследство
Секако ова е една од поважните задачи сто треба долгорочно да ги води Управата за заштита на културното наследство
Но некој треба и да ги спречи новите кражби.
Еве ни се случи пред некој ден најнова кражба.
Од црквата „Света Богородица Болничка“, која датира од 14 век и се наоѓа на влезот во стариот дел на Охрид, украдена е вредна реликвија - сребрено сандаче со моштите од светите Кирик и Јулија.
Со слична проблематика се бави и денешниот напис на Време:
Процесот е тежок и најчесто без резултати, ама треба да се почне
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=728&ArticleID=46837
Процесот на реституција е практично неизводлив. Иако за него многу се зборува и постојат конкретни акции на земјите чие наследство е раселено низ светските музеи, процесот на враќање е тежок, најчесто декларативен и останува без резултати, бидејќи ниту една од големите светски сили каде што е сконцентрирано светското културно наследство доброволно не се откажува од она што го има, вели Ганка Самоилова-Цветановска од ВМРО-ДПМНЕ.
- Како министер за култура учествував на повеќе министерски конференции на земјите од регионот што му беа посветени на ова прашање. Најчесто Грција си ги бараше артефактите, пред се, од Бугарија, но ништо од тоа не е вратено. Трагично е и тоа што култни предмети од македонската историја, како круната на охридскиот архиепископ, која според процените чини повеќе од 15 милиони американски долари, исто така се наоѓа во Софија. Оправданието, пак, што големите сили го имаат пред светската јавност е дека доколку не ги изнеселе богатствата, тие ќе биле уништени бидејќи земјите-сопственици во тоа време не биле свесни што поседуваат–-вели Цветановска.
Post a Comment