Search This Blog

Wednesday, May 24, 2006

Бесплатен интернет

Бесплатен интернет за сите граѓани

ВМРО-ДПМНЕ ПОНУДИ:

Бесплатен интернет за сите граѓани

На 3 и 4 јуни ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи бесплатен интернет за граѓаните, со цел да покаже дека нивната изборна програма е реална и остварлива.
- Откако ја објавивме изборната програма, во неколку наврати почувствувавме сомневање дали таа може да се оствари. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ одлучи два дена да овозможи бесплатен интернет за сите граѓани на Македонија за да покажеме дека програмата е реална, прецизна и може да биде остварена во наредните четири години, изјави лидерот на партијата Никола Груевски.

Во СДСМ, пак, експресно побараа образложение како Груевски планира да ја плати таквата услуга, како е избран операторот што ќе ја нуди таа услуга и колку таа ќе чини. - ВМРО-ДПМНЕ е полтитичка партија, а не интернет провајдер.

Во економската практика и теорија се вели дека секоја услуга што се нуди има своја цена и затоа економистите велат оти нема бесплатен ручек. Тоа значи дека или ВМРО-ДПМНЕ во периодот кога бил на власт купил и поседува компанија со интернет услуги или, пак, ќе плати за користење на некоја од постоечките интернет компании, изјави Јани Макрадули, претседател на владината Комисија за информатичко општество. Тој обвини дека голем дел од Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ е препишана од Националната стратегија за развој на информатичкото општество што ја донесе Собранието, а која успешно се спроведува. (Д.М.)

No comments:

Blog Archive

Site Meter