Search This Blog

Tuesday, May 23, 2006

Албанија не претркува

Новата Албанија ја победи старата

Албанија е земја на спротивности, кои се забележуваат на секој чекор. Современиот автопат наеднаш се претвора во козја патека.
Низ земјата што до пред десетина години имаше само 600 автомобили, привилегија на избраните, сега се движат милиони „мерцедеси“ од сите типови.
Повеќе од две третини, односно околу 80 проценти од сите инвестиции во земјата, се приватни.

Стапката на невработеност е меѓу 15 и 20 проценти, а минималната плата е 120 евра. Но, тоа не е репер за висината на платите, ниту за животниот стандард во земјата. Иако просечната плата е околу 150 евра, има и такви што месечно со легална работа заработуваат и по 3.000 евра. Земјата се гради со пари на Албанците што биле или се се' уште на гурбет во САД и во Европа. Без оглед на тоа како ги заработиле своите леки, франци, евра или долари, заедничко за сите нив е што заработените пари ги инвестираат во сопствената земја.

Паралелно се градат современи автопатишта и магистрали, за кои ЕБРД на Албанија и' одобри кредит од 185 милиони евра. Со тие пари земјата во наредните 5 години треба да ги осовремени сообраќајната, енергетската и телекомуникациската инфраструктура.

Импресивната глетка на недопрената природа ја расипуваат градежниците, кои градат по целиот морски брег долг 460 километри.

Јадранскиот брег, на кој се наоѓа најголемиот дел од туристичките дестинации, изобилува со долги недопрени песочни плажи, заливи, мали острови, стари градови од античкиот и римскиот период, па се до византискиот и периодот кога на ова подрачје владееле Османлиите.

Најголемиот туристички центар во Албанија, пристаништето Валона, лани беше прогласен за кралица на туризмот. Тоа е еден од најстарите градови во Албанија, во кој сега живеат околу 120.000 жители. Тие особено се гордеат со тоа што токму во овој град нивниот сограѓанин Исмаил Ќемали во 1912 година ја прогласил државноста на Албанија, непосредно по пропаѓањето на Отоманската Империја.

На југ е и Саранда - бисер на албанското крајбрежје. Ако е Валона кралица, Саранда е најскапоцениот бисер на нејзината дијадема. Саранда е 285 километри јужно од Тирана и 124 километри на југ од Валона.

Во малото гратче со одвај 35.000 постојани жители и со дури 300 сончеви дена во годината, само лани престојувале околу 160.000 туристи. Саранда е подигната во 12 век, во мал залив на Јонско Море, оддалечен само десетина километри од грчкиот остров Крф. Од Саранда до Крф и обратно, во текот на сезоната, која почнува на 15 мај и трае до крајот на септември, на секој половина час се организираат прошетки со помали бродови.

Она што за време на престојот во Саранда не смее да се пропушти секако се стариот град Бутринт, кој е на само седум километри од новиот град, и замокот над Саранда. Бутринт е антички град од 3 век пред нашата ера. Градот потоа бил доградуван и е добро зачуван.

2 comments:

Historian said...

Zdravo zivo,

Vi pozdravuvam za saitot odnosno toa za Staro Nagorichane!!!
Vi povikuvam na moiot blog-http://www.macedonia-history.blogspot.com

Sega tamu sum postiral INFORMACIJA TOCNO ZA VASHIOT KRAJ-KUMANOVSKO!
Se nadam da Vi e interesno!

Sichko dobro Vi zelaja!

Photo Volan said...

Твојот пост за

Революционната дейност в Кумановско
http://macedonia-history.blogspot.com/2006/05/krst-lazarov-1881.html

е пренесен на блогот на
http://staronagoricane.blogspot.com/

По мене сите пишани извори од сите треба да се читаат.

Blog Archive

Site Meter