Лани двете компании остварија приход од 240 милиони евра. Дел од ланскиот профит чека Владата, која поседува 47,1 отсто од капиталот во „Македонски телекомуникации“. Владата објави дека наскоро ќе продаде 45,1 отсто од акциите и ќе настојува да извлече што поголема дивиденда. Засега исплатата на дивидендата е блокирана поради истрагата во „Маѓар телеком“ за проневера на околу три милиони евра за консултантски услуги во една од компаниите што ги поседува. Елек Штрауб, претседател и извршен директор на „Маѓар телеком“ е задоволен од остварените приходи во Македонија. Според него, исплата на дивиденда на ниво на лани е оправдана врз основа на финансиските извештаи за 2005 година.
ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАВА-Телекомот и „Мобимак“ со 44,4 милиони евра профит
No comments:
Post a Comment