Постарите се секаваат на вакви налепници на своите возила кои се лепеа на внатрешната страна од стаклата.
Вероватно овие ке им послужат на полицајците веднаш по састанувањето да приметат дека возилата не се регистрирани.
Дали е сосема случајно тоа што бројот на нерегистрираните возила се движи околу бројот на невработени. По мене не е. Кој е будала да не сака да си го регистрира возилото и на раат да го вози низ улиците.
Сите треба да сватиме дека ако комшиите и пријателите ни се невработени а со тоа и сиромашни и ние еден ден ке станеме такви. Тоа се шири како заразна болест. И нема крај.
За лекување на оваа епидемија на невработеност а со тоа и сиромаштија најодговорена е директно државата - која петнаесет години оди само со евидентирање на зголемување на стапката на невработеност. Дури најнова измислица им е да невработените ги бришат од списоците на невработени. Чунки со тоа ке се излекуваме од болеста. .....
Идеја за овој напис ми даде написот во Дневник.
ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ ТВРДАТ-Една третина од возилата не се регистрирани
2 comments:
Nice idea with this site its better than most of the rubbish I come across.
»
Искрајно не ми јасно што сакате да кажете дајте повеќе детали. За мене е прво најчудно како го читате блогов и овој пост воопшто кога е тој на Македонски ?!
Post a Comment