Search This Blog

Wednesday, May 17, 2006

Да даде Бог да имаш – па да однемаш

Македонија и Македонците живеат во контролирана кризна ситуација веќе петнаесетина години.

На сите ни е јасно - како поединци никој ништо не можеме да направиме.

Светските стучњаци за правење на контролирани кризни ситуации, не држат во контролирана криза веќе петнаесетина години. Здушно потпомогнати од домашните квази Националисти – и Шовинисти (со еден збор ситни души-профитери)

Имавме задничка држава, во која здружено живеевме. (Федерација на држави, нешто слично на кое сега се стреми Европа и треба да го достигне за некој период од дваеесетина години од денеска)

Државата која сега сите ја оспоруваат – беше ни риба ни девојка. Но факт е дека ние живеевме подобро-во неа, скоро од сите соседи – околу нас.

Вие помладите не се сеќавате, но прашајте си ги родителите.

-Имавме најпрво пасош кој вредеше во сите европски држави.
-Имавме скоро сите работа. Оние кои сакаа да работат.
-Не експлоатираа таканаречените бирократи и технократи во името на комунистичката партија. Од Триглав до Гевгелија имавме загарантирана слобода на движење.
-Имавме релативно добро здравство-потполно бесплатно.
-Имавме валута –која се ценеше во соседството. За една чрвене многу се правеше.
-Ни беше нудено неколку пати да влеземе во ЕУ како целина...
-Имаше респектабилна армија и да не набројувам повеќе.

-Да не заборавиме Македонија стана држава – признаена од светот на база на АВНОЈ.

Кога се шетавме низ Бугарија , за нив бевме богови.
Румунија беше порка мизерија одсекогаш за нас.
Албанија да не ја споменувам.
Грција, барем овој северниов дел на Грција каде најчесто одевме заостануваше, многу позади нас.
Маѓарите беа две класи под нашиот стандард.
Чесите истотака не ни беа рамни.
Пољаците и Русите истотака.
Да не заборавите во Италија одевме од Скопје со воз за неколку пара фармерки.
Па ни Аустрија не беше нешто над нас.

Каде сме сега. До гуша у г**на.

Без работа
Без пазар
Без фабрики (Имавме барем дваесетина гиганти со над десет иљади вработени)
Од ЕУ трпиме само уцени и не се гледа крајот на ЕУ прикаската.
Живееме во терор и страв од внатрешна-братоубилачка војна.
Понижени.

Наместо кучињата сега ние претураме по кантите за да преживееме.

Во постојан страв сме за некоја нова внатрешна војна.

Кој ни е крив за сето ова.

Многу е просто – Сами сме си криви.

Влеговме во стапицата на светските мајстори на правење на контролирани кризни ситуации.

Сите комшиски држави ни станаа од различни причини непријатели.

Политиката ни ја бистрат луѓе - кои се собрани од улица...непрофесионалци...

Луѓе кои ни ја наполнија главата дека ние можеме...Нас не експлатирал некој... не угнетувал...На таа база не држат со спуштени глави и гаќи под колена, наведнати.....

На крај ке кажам дека иако изгледа оваа прикаска како Југоносталгија – Ако ми верувате од длабината на мојата душа и срце ви изјавувам дека не сум никаков Југоносталгичар. За да го потврдам тоа еве се колнам во моите две најсакани деца.

Нас не фати еврејската клатва “Да даде Бог да имаш – па да однемаш

No comments:

Blog Archive

Site Meter