Search This Blog

Monday, May 08, 2006

Јустинијан Први - Македонски бренд

ДЕНОВИ НА ГОЛЕМИОТ ВИЗАНТИСКИ ИМПЕРАТОР - ЈУСТИНИЈАН БИЛ РОДЕН ВО МЕСТОТО ТАОРИСУМ, ДЕНЕШНО СЕЛО ТАОР ВО БЛИЗИНА НА СКОПЈЕ. МАНИФЕСТАЦИЈАТА СЕ СОФПАЃА СО ГОДИШНИНАТА НА НЕГОВОТО РАЃАЊЕ

Манифестацијата "Денови на Јустинијан Први", посветена на еден од најголемите императори во историјата на Византија, ќе се одржи од 11 до 13 мај. Годинава, првпат, ќе се слави името на "нашиот сограѓанин", Јустинијан Први. Поводот е и годишнина од раѓањето (11 мај 483 г. - 13/14 ноември 565 г.). Јустинијан се родил во малото место Таорисиум, денеска идентификувано како село Таор во околината на Скопје.

Во чест на родното место, тој во близина го издигнал величествениот град Јустинијана Прима. Јустинијан е влезен во историјата и како император кој го кодифицирал Римското право, поставувајќи ги основите на европското право, истовремено обединувајќи ја некогашната Римска империја.

Владеењето на Јустинијан Први (527 - 565 г.) го означува најголемиот подем на Византиската Империја. Со триумфалните освојувања на Италија, јужна Шпанија и северна Африка, Јустинијан ја реализира сопствената идеја за реставрација и обединување на некогашната Римска Империја. Како ревносен христијанин, со цврста решителност работел на воспоставувањето на доминацијата на христијанството и создавање единство меѓу христијанските цркви. Императорот е познат и по бракот со влијателната императорка Теодора, кој се вбројува меѓу најголемите и најконтроверзни романси во историјата на Византија.

1 comment:

Photo Volan said...

#

Најново сознание кое го прифаќаат се поголем број археолози е дека Јустинијана Прима е токму античкиот град што се наоѓа кај Таор.
Јустинијановата епоха и можната локација на Јустинијана Прима беа тема и на симпозиумот "Епохата на императорот Јустинијан во Македонија" што се одржа во МАНУ. На симпозиумот за најновите проучувања од јустинијановата епоха зборуваа десетина врвни македонски археолози меѓу кои академик Блага Алексова, д-р. Иван Микулчиќ, д-р. Виктор Лилчиќ, Киро Ристов, Трајче Нацев, но и американката Каролин Снајвли, археолог од колеџот во Гетисбург во Пенсилванија.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=11177&idg=2&idb=300&rubrika=Kultura

#

Јустинијана Прима, град по кој трагаат и Србија и Македонија
Дали Царичин град е родниот град на Јустинијан

http://217.16.70.245/?pBroj=1160&stID=6866&pR=5

#

Метаморфозите на Скопското Кале

Скопското Кале - изгубениот град Јустинијана Прима?

Необично но многу интересно, животот се одвивал континуирано се до преодот од 4 во 5-ти век кога населбата била напуштена. Потоа доаѓаат неколку векови на хијатус, што археолошки се огледува во недостаток на материјална култура од тие периоди. Нема населување, нема населби, нема предмети. Нема дури ни записи. Само нем сведок за присуството на еден голем император е дел од фортификациониот систем кој е монументален и се разликува од преостанатите средновековни делови на обѕидието. Изграден од големи правоаголни камени блокови многу потсетува на градбите кои во тој стил кој ги подигнувал величенствениот предводник на Источното Римско Царство, најсветлото сонце на Византиската Империја - императорот Јустинијан Први.

http://arheo.blog.com.mk/node/15161

#

Низ вековите на Византиската доминација

Најзначаен запис од ова време потекнува од канцеларот на Јустинијан I (527-565), Марцелинус Комес, кој во својата „Хроника“ забележал дека земјотресот ја погодил провинцијата Дарданија и разурнал „24 кастели“, меѓу кои и метрополата и епископскиот стол Скупи.

Не се знае дали по земјотресот новата населба добила и ново име, зашто, по тогашните верувања, несреќата од настраданиот град не се пренесувала на новиот. Тој бил подигнат на просторот околу Горниот град („Калето"), устието на реката Серава во реката Вардар, селото Таор и Планината Водно.

Токму во утврдената крепост Тауресиум (с. Таор, што се наоѓа во непосредна близина на денешно Скопје) се родил големиот византиски император Јустинијан I (483-565), којшто со особени наклоности гледал на растежот и иднината на својот роден крај.

Во негова чест биле подигнати бројни раскошни градби: резиденции, водоскоци, палати, плоштади, водоводни и други значајни објекти.Оттаму постои и хипотезата дека новиот град Јустинијана Прима, основан 535 година од Јустинијан I се наоѓала на просторот на денешно Скопје. Неговиот епископ Антис станал архиепископ на сите диецези во Источен Илирик. Архиепископите во овој, сeуште загадочен град, биле воедно и наследници на скопските епископи. Затоа истражувачите ја поврзуваат Јустинијана Прима со Скопје. Тогаш е образувана и афтокефална архиепископија Јустинијана Прима (535-545 г.).

http://www.skopje.mk/vodic/istorija/vizantija.asp

#

АРХЕОЛОГИЈА

На Таорското Градиште во скопската Општина Зелениково

ТАЈНИТЕ НА ЕДЕН ГРАД СЕ УШТЕ МИТ

Пишува: Милева ЛАЗОВА

* Археолозите вклучени во истражувањата на овој локалитет постојано си го поставуваат прашањето: Ќе ја "најдеме" ли "Јустинијана Прима"?!
* Можеби се уште е рано да се констатира што конкретно нуди Таор, но веќе постојат показатели исклучителни за нашата историја.

Во близина на селото Таор, 20 километри јужно од Скопје, во непосредна близина на Зелениково е откриен археолошкиот локалитет со исто име (Таор). На овој локалитет пронајдени се, еден врз друг, слоеви на три населби од различни периоди. Едната е од праисториското време, од крајот на енеолитот, датирана во 3000 и 2000 година пред Христа, втората од доцноантичкиот период (IV - VI век по Христа), додека третата е од средновековниот период (IX - X век).

Иако локалитетот е откриен пред сто години (од англискиот патописец Артур Еванс), сепак тој се уште не е доистражен и крие во себе уште многу потврдувачи за нашата историја. Археолозите вклучени во истражувањата на овој локалитет постојано си го поставуваат прашањето: Ќе ја "најдеме" ли "Јустинијана Прима"?! Ваквите констатации им се наметнуваат поради сличноста на топонимијата на селото Таор со топонимијата на античкиот град Таорисиум каде што е роден по многу нешта најзначајниот владетел од доцноантичкиот период, царот Јустинијан Први. Извесниот факт дека тоа е местото на раѓањето на Јустинијан Први е токму она што нашите археолози ги концентрира најмногу да се позанимаваат со истражувањето на античкиот период на оваа населба.

ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА?

Иако локалитетот е откриен пред еден век, сепак систематските истражувања започнаа пред две години од страна на Музеј на град Скопје. Она што е особено интересно во истражувањата на Таор е тоа што археолозите се надеваат дека тамошните откритија ќе ги доведат до фантастичниот град Јустинијана Прима кој, наводно, Јустинијан го изградил многу бргу по реизградбата на Таорисиум, и тоа во непосредна близина. Но, сепак за него историската и археолошката наука досега немат речиси никаков извесен факт дека воопшто постоел.

Од пишувањата на античкиот теоретичар Прокопиј, кој инаку бил биограф на Јустинијан Први, извесно е дека тој бил роден во Таор. Дека по големиот земјотрес во 518 година, чиј епицентар бил на местото на денешно Скопје, а во кој најмногу ќе настрада античко Скупи, тој сега веќе цар, решава да му се оддолжи на своето родно село и да го изгради повторно. Така се создала, според пишувањата на Прокопиј, оваа урбана и за тоа време сосема современа населба. Истиот Прокопиј, во своите биографски забелешки за Јустинијан Први вели и тоа дека тој набргу потоа, во сосема непосредна близина на Таор, го изградил и волшебниот град Јустинијана Прима. Интерсно е што Прокопиј во биографијата со чудење се прашува како е можно таков генијалец да се роди во една таква провинција каква што е Дарданија. За Јустинијана Прима во своите белешки Прокопиј кажува дека во градот биле изградени библиотеки, систем за водовод, градски чешми, плоштади, дека целиот бил во мермер и убавина.

Археолозите, а меѓу нив најревносен истражувач на Таор е Киро Ристов, немаат објаснување зошто еден таков велелепен град, речиси под нашите нозе, се уште не е откриен.

http://www.makedonskosonce.com/broevis/2002/sonce434/Tekst38.htm

#

Јустинијан, византиски император кој владеел во 6 век
Последниот антички владетел од Таор
Никица Корубин

Следејќи ги историските извори (Прокопије од Цезареја) доаѓаме до местото каде што се родил Јустинијан. Мало, на самиот брег на Вардар, отворено кон прастарата скопска котлина. Тогаш, во 6-от век Прокопије го познава како Тауресиум, поврзувајќи го со соседната Бадериана. Денес го знаеме како Таор, кој го гледа Бадер на самиот крај на котлината, во нејзиниот единствен мочурлив предел. Претпоставката е реална, како и очигледната идентичност на имињата, и само посериозниот и продлабочен пристап ќе ја направи чиста вистина, на самата наука и стварност. Од тука од скромниот Бадер, тргнува најпрво Јустин со своите двајца браќа, вујкото на Јустинијан, тој инзвонредно снаодлив и промислен човек; кон вечниот Константинопол, големата и моќна престолнина и веројатно неговото заминување е една од претпоставените олеснителни околности за подоцнежното доаѓање на самиот Јустинијан. Доаѓањето што ќе го означи враќањето кон традицијата која тивко го чекаше својот водач. Водачот кој се чувствуваше себе си како вистински наследник на таа традиција. А, времето и луѓето го чувствуваа како вистински бог, еднаков со богот или поставен од него.

http://217.16.70.245/?pBroj=1415&stID=9615&pR=5


#

АРХЕОЛОЗИТЕ ОЧЕКУВААТ ЕКСКЛУЗИВНИ НАОДИ ОД ГРАДИШТЕ, ТАОР
Јустинијана Прима на дваесет километри од Скопје?
Се уште е рано да се каже што конкретно нуди Таор, но веќе имаме показатели, исклучителни за нашата историја, вели археологот Кире Ристов

остојат индикации дека го ископуваме античкиот град Таурисиум, кој според античкиот историограф Прокопиј, е родното место на царот Јустинијан Први. Сега не изложуваме "суви" факти, туку имаме покомплетен приказ на досегашните истражувања. Се уште е рано да се каже што конкретно нуди Таор, но веќе имаме показатели, исклучителни за нашата историја - рече на вчерашната прес-конференција археологот Кире Ристов, раководител на ископувањата.

На "Градиште" кај Таор, археолозите констатирале три хоризонти на живеење - праисториска, во енеолитот и во раното бронзено доба, датирана во 3.000 и 2.000 година пред нашата ера; доцноантичка населба (од 4-ти до 6 век) и средновековна населба - 9-ти и 10 век. Сите хоризонти нудат богати движни наоди, а доцноантичкиот и фантастични архитектонски градби.

http://217.16.70.236/?pBroj=1950&stID=7420

Blog Archive

Site Meter