Search This Blog

Thursday, May 11, 2006

Јустинијан Први - Македонски бренд 2 дел

ВЕЧЕРВА, НА СКОПСКОТО КАЛЕ-Манифестација во чест на Јустинијан Први

Еве и тоа се случува...

Со голем огномет на скопската тврдина Кале вечерва, во 20 часот свечено ќе биде отворена манифестацијата „Денови на Јустинијан Први“. Манифестацијата ќе трае три дена, се одржува прв пат и има тенденција да прерасне во традиционален хепенинг кој ќе го потврдува културниот и
историскиот идентитет и ќе ги потенцира клучните моменти од светската култура и историја кои имаат корени од Скопје. „Деновите на Јустинијан Први“ ќе ги прогласи за отворени скопскиот градоначалник Трифун Костовски.

Мотив за организирање на проектот е годишнината од раѓањето на еден од најголемите императори во историјата на Византија, Јустинијан Први, кој е роден на 11 мај, во 483 година, во малото место Таурисиум, идентификувано како скопското село Таор, објаснуваат организаторите. Според историските извори, во близина на родното место Јустинијан Први го изградил величествениот град Јустинијана Прима, кој подоцна станал архиепископија.

„Важно е да го кренеме нивото на брендот Скопје и Македонија“, велат организаторите.

Од плоштадот Македонија кон Кале во 19 часот ќе тргне поворка. По свеченото отворање во 20,15 часот ќе биде изведен сценскиот перформанс „Јустинијан Први“. Во 21 часот ќе настапи ансамблот за старомакедонско црковно пеење „Св. Јован Кукузел“.

За ова веќе пишував во мојот пост

Јустинијан Први - Македонски бренд

8 May 2006 by volan

1 comment:

Photo Volan said...

Две вести секако една “добра“ и една лоша

Ај прво со “добрата“
Се уредува Калето за деновите на Јустинијан

Скопското Кале ќе се уредува поради дел од програмата на манифестацијата „Денови на Јустинијан“, која ќе се одржи на тврдината, информираат од ЈП „Паркови и зеленило“.

- Зеленилото околу Калето се искоси, а со нови штици се обнови летната бина на Калето. Клупите во паркот и околу летната бина што беа искршени се обновија со нови потпирки
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=735&ArticleID=47477

А “лошата“ е
Прво и во самата добра вест има и лоша “...Клупите во паркот и околу летната бина што беа искршени се обновија со нови потпирки..“

Нема одговорен за кражбите на бистите и на скулптурите

Бистите на Орце Николов, Никола Јонков Вапцаров, Коле Неделковски, Панче Неделковски, статуите на двајца од четворицата свирачи кај плоштадот и неколку плочи се само дел од бакарните и од бронзените спомен-обележја што исчезнале или се украдени од центарот на Скопје во изминатиов период.

За жал, уништувањето на скулптурата „Музиканти“ не е изолиран случај на вандалско однесување на поединци кон културното наследство во градот.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=735&ArticleID=47472

На ова ако ја додадам и веста од пред некој ден што ја објавив дека се украдени неколку квадрати од павер елементи од патеките кои водат до Охридската тврдина....

Што да кажам, за жал на менталитетот и културните вредности треба долго да се работи...

Blog Archive

Site Meter