Search This Blog

Friday, May 26, 2006

„Кејбл тел“ заинтересирана за купување на кабелските оператори во Македонија

Бугарска компанија ги купува македонските кабелски оператори
„Кејбл тел“ е сопственик на поголемите кабелски оператори во Бугарија и, покрај во Македонија, планира да се шири регионално






ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА


Бугарска телекомуникацсика компанија е заинтересирана за купување на кабелските оператори во Македонија. Фирмата „Kејбл тел“ (Cable tel), во која има американски капитал, планира да купи околу 80 отсто од вкупно 65 кабелски оператори во Македонија. Преговорите со операторите се одвиваат интензивно во последните неколку месеци. Бугарската „Кејбл тел“ на македонскиот пазар сака да понуди пакет телекомуникациски услуги по привлечни цени.

Станува збор за пакет во кој влегува кабелска телевизија, Интернет телефонија и кабелски Интернет.

Според неофицијални информации, покрај „Кејбл тел“, уште една бугарска компанија со англиски капитал ги пикирала македонските кабелски оператори. Името засега останува енигма, но дознаваме дека тие планираат многу скоро да дојдат и да го скенираат пазарот. Што се однесува до „Кејбл тел“, таа е сопственик на поголемите кабелски оператори во Бугарија. Нејзин план е да се шири регионално.

Евентуалниот влез на бугарската телекомуникациска компанија, која сака да ги купи кабелските оператори, ќе претставува монопол во делот на кебелските телевизии, но и своевидна конкуренција на домашните Интернет-провајдери, на „Македонски телекомуникации“, како и на другите провајдери кои нудат говорни услуги преку Интернет.

Што се однесува до кабелските оператори, тие веќе наскоро ќе се соочат со конкуренција. Согласно со Законот за електронски комуникации, се укинуваат концесиите кои им овозможуваат да бидат единствени оператори на определено подрачје или регион. Во сила ќе стапи нотификацијата, односно регистрирањето на кабелските оператори во Агенцијата за електронски комуникации, со што се отвора можност покрај еден оператор во одреден регион да работи и друг кабелски оператор.

Кабелските оператори најдоцна до 23 јуни ќе мораат да ги заменат постојните концесиски договори за работа, доделени од Советот за радиодифузија, со нотификација. Доколку до овој рок не се регистрираат, на операторите им се заканува опасност да престанат да работат.

Владата донесе одлука за престанување на важноста на концесиите за дистрибуција на радио и телевизиска програма преку кабелска мрежа уште на 9 мај, а стапи во сила пред три дена. Првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации, Коста Трпковски, вели дека со владината одлука ракавицата е фрлена и останува на кабелските оператори дали ќе го запазат рокот за нотификација. Според него, важно е барањата да се достават до крајниот термин, а регулаторното тело најдоцна за 15 дена ќе ги регистрираат.


Утрински
Број 2089 петок, 26 мај 2006

No comments:

Blog Archive

Site Meter