Search This Blog

Thursday, May 11, 2006

Лицемерната Економска политика на СДСМ

СЕ ПОДГОТВУВА ТЕРЕНОТ ЗА ПРВАТА ФАБРИКА НА „ЏОНСОН КОНТРОЛ“-Во „Бунарџик“ државата ќе вложи 6 милиони евра

Дали некој се сеќава како СДСМ го дочека отварањето на Економската зона Бунарџик.

Јас се сеќавам, тогаш тие се исмејуваа на најголемите сведски инвеститори од Тајван. Кутрите Тајванци никојпат нема да можат да сфатат како некој може да фрла со камења по тебе а ти му даваш леб?. Тие само како неповратна донација дадоа неколку стотици милиони долари...А економските зони се нивен изум...Но во Македонија за инат се е можно...

И сега што? По толку време од стартот на Бунарџик, СДСМ излегува со зборови дека Бунарџик ни е спасот....

Па ке трошат уште неколку милиони долари во доизградба на инфраструктурата на Бунаршик. Демек да ја дотераме невестата пред мажење.

Другари економисти од СДСМ невестата си е убава, само сватовите од Македонска провиниенција се тие кои ги одбиваат сватовите од странските провиниенции, да дојдат тука и да се здомат.

Никој со здрав памет не сака да си стави здрава нога во трн. И да дојде тука да вложува свои пари каде “Сватовите“ се корумпирани, ајдуци со тапија. Каде мафијата си има своја држава...Каде Ку*рто и Мурто се менуваат на власт.....


1 comment:

Photo Volan said...

„Џонсон контролс“ бара услови за работа во Бунарџик

Американската компанија за внатрешна електронска опрема за автомобили „Џонсон контролс“ ќе гради фабрика во земјава, но прво ќе чека државата да и направи пат до слободната економска зона Бунарџик.

Според министерот за економија, во слободната економска зона Бунарџик се бараат 6.000 метри квадратни за долгорочен закуп каде што ќе може да инвестира компанијата. Министерот за економија информира дека на вчерашната владина седница се разговарало за потребните инвестициски вложувања во слободната царинска зона Бунарџик, односно за развој на целата зона не само за проектот на „Џонсон контролс“ туку и за идни потенцијални инвестициски проекти.

Според досегашните најави, проектот на Џонсон контролс во Македонија ќе стартува во септември годинава, а ќе биде завршен во 2010 година.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=735&ArticleID=47488

Blog Archive

Site Meter