Веќе 15 години од осамостојувањето навака се прашувам кој ни е крив за одалечувањето од ЕУ процесите. Никојпат не ми беше јасна стратегијата дека со цепењето на ЈУ на повеќе држави (дотогашните федеративни единици - побргу ке влеземе во ЕУ...)
Со осамостојувањето добивме придобивка да бидеме “свои на своето“ - но изгубивме многу од дотогашните придобивки ... Најпрвин го изгубивме пазарот за нашите големи фабрики (станаа големи загобари и ги покопавме и продадовме за еден долар ...) и нашите земјоделски производи кои пред тоа доминантно се продаваа по ЈУ пазарите ... Го изгубивме пасошот со кој патувавме по ЕУ без виза ... Добивме војни по бившите ЈУ простори кои не не заобиколија ни нас ... Добивме ембарго од Грција ... Спроведувавме ембарбо преме Србија и Црна Гора ... Добивме референдум за Илирида ... Охридски договор ... Се заоштри црковното прашање со Србија ... На виделина излезе проблемот со јазикот со Бугарија ... Тапкаме во место и се враќаме секоја година по еден чекор наназад ...
Навистина кој ни е крив за сево ова ... Највеќе сами сме си криви ... Политика и политичарите ке речеме ни се највеќе криви ... (Политика е процес кае одлуките ги носат групи на луѓе...)
Но политичарите го црпат легитимитетот од народот - тие ни се предлагаат ние ги бираме ... значи самите сме си криви ...
Од друга страна на кого му одеше на добро од бившите ЈУ простори. По мене генерално на никого ... осем на Словенија на која и до тогаш и одеше одлично ... Хрватска никогаш не беше изолирана од ЕУ ... Хрватите патуваат по светот без виза одсекогаш ... ја наследија придобивката од ЈУ пасошот ...
Им тргна на Бугарија и Румунија предходно на Чешка, Словачка, Полска, Маѓарска и неколкуте Скандинавски држави ...
Читајки го постот на Историчарот - Кибицер - Грегоријански v.s. Јулијански календар согледуваме дека стариот календар (јулијанскиот календар) важи само во Руската, Српската и Ерусалимската православна црква, вклучително и нашата МПЦ. Нашата МПЦ во 1967 година донела одлука за напуштање на јулијанскиот календар, но од црковно – политички причини оваа одлука никогаш не влегла во сила. Притоа прашањето не е ДАЛИ , туку КОГА МПЦ ќе го смени календарот. Што побрзо толку подобро.
Со оглед на тоа дека не им оди со ЕУ интеграциите само на земјите кои сеуште црковниот календар им е по јулијанскиот терк - предлагам под хитно МПЦ да ја активира одлуката за напуштање на јулијанскиот календар - не за друго туку белки ке ни трбне ...
Search This Blog
Saturday, January 06, 2007
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2007
(687)
-
▼
January
(47)
- НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ
- ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ
- A Day in Macedonia
- Д-р ТОДОРОВСКИ ЗОРАН
- БУГАРИ ВО МК
- ИНТЕРНЕТ ВОЈНА - ЗА МАКЕДОНИЈА
- ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА
- Блог - мрчатори VS. Блог - тинтратори
- ГОРАН МИХАЈЛОВСКИ
- БЛОГЕРИ vs. МК НОВИНАРИ втор дел
- НАЦИЈА
- DODGE 4 – 1924
- МАКЕДОНСКИ БЛОГ ПРИКАЗНИ
- ГЕНЕОЛОГИЈА НА ПИСМЕНОСТА
- БЛОГЕРИ НОВИНАРИ
- ТОТАЛИТАРИЗАМ - кај нашите најголеми партии
- ХИЛАРИ КЛИНТОН
- ФИЛИП ПЕТРОВСКИ
- ПДФ книги - на Македонски
- Атентатот - Бунева и истрагата ...
- ВЕЛИМИР Ј. ПРЕЛИЌ
- МАРА БУНЕВА
- ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА
- ФОТОКОПИРНА ИСТОРИЈА
- ДЕВСТВЕНИ ОСТРОВИ
- ПЕТРЕ ПРЛИЧКО - 100 години од раѓањето
- ПОЛИТИКА
- МАРКО
- ДЕЛЕЊЕ НА КАПУТИ
- ИСТОРИЈАТА НЕ ПОЧНУВА ОД НАС
- ВЕНЕРА - Вероника Костадинова
- АТОМСКИ УДАР ВРЗ ИРАН
- СЛОБОДНА ЕКОНОМСКА ЗОНА - ВАРДАРСКА СИЛИКОНСКА ДОЛИНА
- НА ГОСТИ НА БЛОГ
- 52-ка
- ПАРИЧКА
- КРИВ НИ Е КАЛЕНДАРОТ
- Б‘ЛГАРСКИТЕ ПЕТ МИНУТИ
- ДИВИ КОПАЧИ И ГРЧКИ НОВИНАРИ
- МАКЕДОНИЈА Е СИВА ЗОНА ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ
- ПАСОШ - МК
- АНТИКОРУПЦИСКА ГУЖВА
- ЗОШТО ДИЈАСПОРАТА ТРЕБА ДА ГЛАСА
- АЛФИТЕ и човековите права
- ТРУДНИЦИ И ВРАБОТУВАЊЕ
- МОЈА БЛОГ СТАТИСТИКА
- МАМУРЛУК
-
▼
January
(47)
No comments:
Post a Comment