Search This Blog

Tuesday, January 30, 2007

ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ

Деновиве слушаме дека Владата ни - со операцијата за предвремен откуп на долгот кон Парискиот клуб ќе се отплатат 86,15 милиони евра, односно 4,87 отсто од вкупниот јавен долг или 13,7 отсто од вкупниот надворешен долг.

Не ми е цел да замарам со бројки - поентата ми е дека ММФ не натера парите од продажбата на Електростопанство да ги употребиме за одплата на нашиот долг према странство ... според аранжманот со ММФ, на Владата и' се врзани рацете девизните резерви да ги користи за инвестиции, но може да ги употребува за откуп на долгот, ...

А во исто време ни се одобруваат разноразни нови кредити ...

Ако не сето тоа се надоврже фактот дека поголемиот дел од девизните резерви се вложени во странски банки ... кои прават пласмани во светот ... даваат кредити ...

Значи зачаран круг ... Во банка во која чуваме големи износи на девизни резерви (последниот податок вели дека девизните резерви ни се 1,5 милијарда евра ) -добиваме и кредити ... значи со свој камен по своја глава ...

Ова ме подсеќа на едно излагање на еден од професорите на Економскиот факултет (додека студирав) - дека најнов начин на “поробување“ на народите е стварање на кредитна зависност на народите ... тоа значи дека не може никојпат да се ослободите од кредитите ... башка што кредитите не се “еве ти пари па прави што сакаш“ - туку еве ти пари ама роба - машини мора да купиш од нашите фабрики ...

Ако го погледнете мојот пост “Против продажбата на “златните кокошки““ - февруари 24, 2006 - на едно место реков:

“..Сега немојте да се чудите зошто тие пари (парите од продажбата на “златните кокошки“) одат во буџетот на државата, и се пред се, покритие на многуте кредити кои сме ги земале предходно. Тие пари нема да ни дозволат да ги користиме за нов старт на економијата. Нормално моќните банки, најпрвин сакаат да се ги вратат парите што во форма на кредит ни ги дале. Ова кога јас учев економија се нарекуваше “најнов и најчист вид на експлоатација на неразвиените држави и земјите во развој...Се е легално...“

“..
Сево ова на крај ке доведе до ситуација да станеме “банкрот држава (ако веќе таква и не сме). И како таква сами од себе ке се деградираме и распаднеме, како единствена држава на Макединците во светот. Без “златните кокошки“ ке немаме национална економија а Владите ке работат под декрет на моќните компании....“

No comments:

Blog Archive

Site Meter