Search This Blog

Tuesday, January 02, 2007

МОЈА БЛОГ СТАТИСТИКА

Вистинска зараза со Блог доживеав со појавата на блогот на р-Еволуција .

По долго следење на блогот р-Еволуција и неколку други блога MacedoniAnia Развигор ;-) Моби Букаро Јован Вуна NBA Macedonia Комуникации .аНТИблог Panta Rei Канализација Software (MKD) Горан Андреев e-Бизнис Етна Тепај време m-soulz Јади бурек Би Зомбификација Скопски времиња Оксиморон ВББ дојде време да отворам и слвој Блог. Всушност Блог имав отворено и порано некаде во средината на Јаноари – но бидејки не ми беше позната технологијата на Блогирање – учев едно месец дена што е блог – како се постира – како да напишеш пост – како да ставиш линк – и други “ситници“ за блогирањето ...

Инаку блогови кои ги читам често се истотака и Баждарџијата Археолошки дневник Тефтерот Kλειστοφοβία Луцидни сни Iacovibus Рибаро Трибун Poezija History of Macedonia psiholog1 Spartak katika cOOOkbOOOk Jakov E-Lady Natka sting EYE Леонова Lavot webmaster Б.Дечак istok Mama кибицер OGI SINKO dEa lak MIT martina Вклучи се gersanina nesonija WeedBoy ….

Знам дека некого сум испуштил ... нека ми простат ...

И ете Бидна првиот пост на 10 Феброари 2006 година - Ќе увезуваме компјутерџии! .

Од тој ден до денеска напишав 587 поста. Богами доста. Дури и премногу. Но предизвикот дека можам да кажам за се што ме интересира и тоа да го напишам на блог беше голем.

Кои беа темите што ме преокупираа во оваа нецела година:

  • Интернет и компјутери 70
  • Политика внатрешна 135
  • Медиуми 19
  • Светски настани-политика 60
  • Економија 63
  • Блог 15
  • За Скопје 44
  • Лично 23
  • Околу сексипилот 9
  • Општо 33
  • Историски теми 23
  • Археологија МК 55
  • Црква – религија 28
  • Спорт 5
  • Култура - уметност 14
  • Туризам 7

Значи направив новогодишен попис на постовите по теми ... и резултатите се горе.

Бројките говорат дека мојот блог највеќе се занимава со теми од “внатрешна политика“ (135) и ако ги додадеме темите од “надворешна политика“ (60) – ке добиеме процент дека скоро една третина од темите се теми од областа на политиката внатрешна и надворешна ...

Понатака како втора по важност тема се темите од областа на Интернет и компјутери – (70). Вакви теми ке има се помалку на мојот блог бидејки од пред месец дена поточно од 1.Декември 2006 год - за овие теми пишувам на Блогот на Интернет Македонија – каде сум админ заедно со уште еден колега.

Економистот во мене проговори и на мојот блог па така се нанижаа 63 поста.

Значајно пишував за МК археологија и археолошките локалитети 55 пати.

Скопјанецот во мене говореше 44 пати. Од статистиката погоре гледате и кои други теми ме интересираа...

Неизмерната љубов према мојот роден крај – родното село ме натера да отворам специјален Блог за Старо Нагоричане – 151 пост. Добро таму само една чтвртина се мои постови ... другото е реедитирање на се што е напишано на Интернет а се однесува на моето родно место Старо Нагоричане ... за некојпат кога ке пишувам посериозно за моето родно место ... ми биде на дофат се што е некојпат запишано на интернет а се однесува за Старо Нагоричане ...

Се надевам дека ке имам време за тоа ... тоа му го должамна моето родно место.

No comments:

Blog Archive

Site Meter