Search This Blog

Tuesday, January 09, 2007

СЛОБОДНА ЕКОНОМСКА ЗОНА - ВАРДАРСКА СИЛИКОНСКА ДОЛИНА

Слободните царински зони (СЦЗ) се на високо место на приоритетите на оваа влада. По релативно ингнорантскиот однос на двете предходни влади кон СЦЗ. Владата на Георгиевски не даде доволна подршка на залагањата на Циле за отварање на СЦЗ - под палката на мајсторите за СЦЗ - Тајван. Владата на СДСМ која се исмејаваше со проектот додека тој беше во зародиш на крај го прифати како свој - и го донесе можеби првиот појак инвестититор во СЦЗ - Џонсон Контролс.

Владата на Груевски јасно уште на почетокот стави на знаење дека многу очекува од развојот на СЦЗ и дваица министри добија специјална задача да привлекуваат инвеститори во СЦЗ ... Секојдневно фрчат огласи по сите сведски финасиски весници, за привлекување на странски инвеститори - но некако тешко оди ...

Моето размислување е уште порадикално - во правец на формирање на слободна царинска зона на цела територија на Македонија ... Дали е тоа изводливо ... и како ке се одрази на прибирањето на даноците - со оглед на тоа што тоа значи целосно намалување на приливот на даноците во државната каса ...

Моите размислувања за ваква идеја е бидејки сме ние многу мала држава - два милиона жители - од кои 40 проценти невработени ... изолирани од останатиот свет и условени од кредиторите и ММФ како да ја тераме економската плитика ... Еве ММФ и за СЦЗ не критикуваат затоа што со ваков начин ги онеправдуваме домашните инвеститори кои ги ставаме во нерамноправна положба ... Па добро да ги послушаме и да ја прогласиме цела МК за СЦЗ со подеднаков привилегии и за странските и за домашните инвеститори ...

Проблемите со намалување на приливот на даноците би ги решавал со штедење на буџетските трошоци ... и тоа драстично ... тоа за неколку години седум до десет би се надминало со зголемување на степенот на вработувањето и со постепено зголемување на просечната плата ... а и со намалување на сивата економија - која и така не плаќа даноци и тука лежи голема резерва ...

Видите ги моите поранешни пишувања за СЦЗ 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11,

Оваа влада осем СЦЗ Бунарџик - подржува и неколку други регионални проекти за СЦЗ ... Штип, Гевгелија, Прилеп, и таканаречената - Вардарската силиконска долина ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter