Секоја чест и должно признание за Алфите кога правилно си ја извршуваат својата должност и често пати го ставаат и својот живот на коцка ... Но тоа никако не им дава право да во други случаи како овој го кршат законот и газат по достоинството на граѓанинот.
Алфите синоќа налетале на познат МК блогер - Зомбификација - Жарко Трајаноски и во полициска процедура на таканаречено рутинско легитимирање ( „Легитимирањето е службено дејствие што го преземаат овластените службени лица заради утврдување на идентитетот на граѓаните во случаите кога постојат причини, услови или основи за нивно доведување во врска со кривично дело или прекршок како сторители, или кога е тоа потребно за остварување на определени права на други субјекти во пропишана постапка.“) направиле неколку прекршоци на Законот за внатрешни работи .
Жарко Трајаноски го опишува случајот опширно на својот блог на постот - Полициско самоволие: „Алфите“ ме легитимираа и понижуваа без да ми кажат причина.
Осем што го понижувале “граѓанинот“ кој е човек од средна возраст - значи не е пилиштар за да не си ги знае своите права - алфите направиле неколку прекршувања на процедурата за легитимирање ... Тука ке ги акцнтирам прекршаите на алфите за да ние кои не сме Магистри за човекови права (каков е Жарко) во такви моментиси ги знаеме своите права ...
- Во тој миг изнервирано изјавив дека воопшто не ми се допаѓа нивниот понижувачки однос, особено тоа што во службено својство ми се обраќа цивилно лице кое не ми покажало службена легитимација (што е спротивно на чл. 28 ст. 2 од Законот за внатрешни работи - пречистен текст).
- немам намера ништо да вадам од џебовите додека не ми ја кажат причината зошто сум запрен и легитимиран.
- нема да дозволам да ме претресат без судски налог, потсетувајќи ги на законот.
- („За извршеното легитимирање на лице во врска со причините, условите и основите од членот 7 став 1 на овој правилник, овластеното службено лице составува извештај за легитимирањето кој содржи: податоци за легитимираното лице, место, време и причина за легитимирањето и дали по легитимирањето лицето е задржано односно приведено и предадено за натамошна постапка на судските органи.“ (Член 8))
- Моето достоинство е повредено, и ќе барам сатисфакција.
Соодветна рекција кон ова е само судот на јавноста - кој треба да го посочи овој пример на еклатантно кршење на човековите права и достоинството на човекот ... а секако треба да проговори и внатрешната контрола во полицијата преку соодветна истрага ... Ако имало среќа во случајот тоа е што немало физички контакти (обострани) - кои во повеќето случаи во минатата година имаа и трагични последици ....
No comments:
Post a Comment