Искрајно сум воодушевен што изворно можам да пратам еден весник како - Политика од 1904 до 1945 - кој е подигнат на Интернет ... до денеска пратев еден настан кој се однесуваше на Мара Бунева (во неколку поста 1,2,3) ... и изворно ги пренесов гледањата на тогашна Политика за овој настан – без многу мои коментари ... Ова ке биде последен пост од Политика од 1928 година ...
Ке се вратам назад на стартот на Политика од 1904 год. и ретро ке вадам по некоја интересна сторија ... Би сакал да можам паралелно да пратам уште некој друг весник од Бугарската штампа ... и сведската штампа Лондон – Париз – Беч – Берлин – Њујорк – Москва ... но за тоа веројатно ке почекаме уште малку време ... Верувам дека за кратко време сите ке ги подигнат старите весници на интернет ...
Во овој пост се работи за една реклама која ја видов во Политика од 1928 година на страна 14 – со наслов
“Зашто је ДОЏ најјефтинији аутомобил“
Затоа што издржува повеќе десетини иљади километри без никакви поправки.
Затоа што животниот век на ДОЏ е многу подолг од животниот век на други автомобили – бидејки издржува 250-300.000 километри.
Затоа што потрошувачката на бензин и на уље е сведена на најмала мерка а поправките се занемарливи.
Затоа што по американските статистики е докажано – дека кај продажбата на употребувани автомобили – употребуваните ДОЏ-ови се продаваат пропорционално најскапо во споредба со други автомобили ...
Ова погоре е рекламата од весникот ... подоле е слика на застапикот и цените на разните модели ...
Се работи за автомобил – производство американската компанија Dodge Brothers Motor Vehicle Company – која почнува со производство во 1914 година – се до 1927 година компанијата е преземена од Chrysler Corporation – за да во 1998 година биде целата компанија на Chrysler заедно со Dodge преземена од Daimler-Benz.
Значи оснивачи на Dodge Brothers Motor Vehicle Company во 1901 година се John Francis Dodge и Horace Elgin Dodge во Detroit, Michigan. 1902 година компанијата на браќата Dodge му помага на Henry Ford да стартува со Ford Motor Company .
Во 1914 година компанијата се преименува во Dodge Brothers Motor Vehicle Company – за да од 1917 година почнат со производство и на камиони за армијата на САД ...
Во 1925 година Dodge Brothers Company беше преземена од Dillon, Read & Company за тогашни огромни 148 милиони долари – но за кратко потоа компанијата да биде купена од Chrysler Corporation во 1928 год.31 Јули.
Подолу ке ви дадам неколку фотки од старите аутомобили на Dodge .
Ова е истиот автомобил од горната слика - DODGE 4 – 1924
Dodge Brothers 4-Door Sedan, from a 1920 magazine advertisement.
No comments:
Post a Comment