Синоќа вообичаено се палеа коледаските огнови. Црквата вели дека се тоа пагански обичаи но бидејки се широко прифатени од народот и Црквата се приклучува на овој народен обичај ... Симпатично собирање пред православните куќи - во друштво на огин ... греена ракија, чај и посна трпеза ... Се разбира и во друштво на народна музика ... некое колце (на некого ова му сметало - се кршел законот ...)
Утринава како што е ред не пробудија коледарските песни на малите дечиња ... Живеам во релативно голема зграда во Ново Лисиче и утрински коледари се вообичаена слика ... Неколку групи на дечиња со своите прекрасни пискави гласчиња и возбуда во срцето ... со црвени обравчиња ... најлон кеси во рацете - полни преполни ... некои и со старските торбички ...
Ние спремни по дома со кошница полна со Костени - Ореви - Лешници - Бадеми - Јаболчиња - Бомбони и ситни парички ... децата највеќе на парички се радуваат ... Оваа година не посетија и неколку групи на циганчиња - кои борават во околните диви престојалишта ... морам да признам дека беа најбројни и најгласни ...
Припремата за бадниковата трпеза и лепчето со паричка е ритуал - кој со години го повторуваме ...
Слушам поплака од синот - е ако и оваа година се падне паричката кај сесетрами - јас незнам ... ке се откажам од .... Масата се нареди со посна трпеза - Риба - Гравче - Пити со купус и праз - Штридла - Коштанчиња - Ореви - Урми - Суви смокви - и други ситници и почна ритуалот на делењето на паричката ... И што - паричката и оваа година по којзнае кој пат по ред се падна кај керками ... Малку натажен што не падна паричата кај него синот сепак смогна снаги да и честита на сестраму ... Се почестивме со тоа што е на масата и оставивме онака се на маса ... (нели се очекува и господ да дојде на масата и да се послужи ... затоа масата не се распремува до утре ден ...) до големиот ден Божиќ - до денот на раѓањето на Исус Христос ...
Search This Blog
Saturday, January 06, 2007
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2007
(687)
-
▼
January
(47)
- НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ
- ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ
- A Day in Macedonia
- Д-р ТОДОРОВСКИ ЗОРАН
- БУГАРИ ВО МК
- ИНТЕРНЕТ ВОЈНА - ЗА МАКЕДОНИЈА
- ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА
- Блог - мрчатори VS. Блог - тинтратори
- ГОРАН МИХАЈЛОВСКИ
- БЛОГЕРИ vs. МК НОВИНАРИ втор дел
- НАЦИЈА
- DODGE 4 – 1924
- МАКЕДОНСКИ БЛОГ ПРИКАЗНИ
- ГЕНЕОЛОГИЈА НА ПИСМЕНОСТА
- БЛОГЕРИ НОВИНАРИ
- ТОТАЛИТАРИЗАМ - кај нашите најголеми партии
- ХИЛАРИ КЛИНТОН
- ФИЛИП ПЕТРОВСКИ
- ПДФ книги - на Македонски
- Атентатот - Бунева и истрагата ...
- ВЕЛИМИР Ј. ПРЕЛИЌ
- МАРА БУНЕВА
- ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА
- ФОТОКОПИРНА ИСТОРИЈА
- ДЕВСТВЕНИ ОСТРОВИ
- ПЕТРЕ ПРЛИЧКО - 100 години од раѓањето
- ПОЛИТИКА
- МАРКО
- ДЕЛЕЊЕ НА КАПУТИ
- ИСТОРИЈАТА НЕ ПОЧНУВА ОД НАС
- ВЕНЕРА - Вероника Костадинова
- АТОМСКИ УДАР ВРЗ ИРАН
- СЛОБОДНА ЕКОНОМСКА ЗОНА - ВАРДАРСКА СИЛИКОНСКА ДОЛИНА
- НА ГОСТИ НА БЛОГ
- 52-ка
- ПАРИЧКА
- КРИВ НИ Е КАЛЕНДАРОТ
- Б‘ЛГАРСКИТЕ ПЕТ МИНУТИ
- ДИВИ КОПАЧИ И ГРЧКИ НОВИНАРИ
- МАКЕДОНИЈА Е СИВА ЗОНА ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ
- ПАСОШ - МК
- АНТИКОРУПЦИСКА ГУЖВА
- ЗОШТО ДИЈАСПОРАТА ТРЕБА ДА ГЛАСА
- АЛФИТЕ и човековите права
- ТРУДНИЦИ И ВРАБОТУВАЊЕ
- МОЈА БЛОГ СТАТИСТИКА
- МАМУРЛУК
-
▼
January
(47)
No comments:
Post a Comment