Search This Blog

Sunday, January 25, 2009

blog.digimak.net

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Digimak1Large.jpg?t=1232889899

Еден од ретките сајтови, каде на едно место може да се пратат МК блогери од повеќе платформи е blog.digimak.net ... чинам дека опстојува повеќе од две години ...

читај повеќе »

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Digimak2Large.jpg?t=1232890498

Еден од начинот како да пратите блогови кои Ви се бендисуваат е да пратите вакви агрегатни содржини, како што е blog.digimak.net ... долго време портслов/сајтов беше запоставуван од сопственикот и творецот ... немаше абдејтирање на нови содржини ... но еве од денеска тој има ново лице ... со ветување дека нема да го забаталат како што знаат одвреме навреме тоа да го направат ...

  • По неколкумесечен застој во обновувањето на содржините на digimak.net, еве не повторно со нов дизајн и нова намена на сајтот.

    digimak.net има за цел да Ви стане почетна страна во секојдневното сурфање на Македонските интернет содржини. За почеток ги индексираме RSS каналите на повеќе Македонски извори и ги класифицираме по категорија за Ваша полесна употреба. Имаме планови за понатамошно надградување на сервисот, за што ќе Ве информираме преку овој блог.

    blog.digimak.net сервисот исто така го обновивме во склоп на новиот дизајн и Ви стои на располагање како и досега. За промените што ќе ги имплементираме и за овој сервис ќе Ве информираме овде.

    Доколку имате забелешки или идеи за новиот дизајн или функција на сајтот, Ве молиме слободно контактирајте не.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Digimak3Large.jpg?t=1232890625

Ова е основната страна каде се прати дневно изборот на блогови ... составена е од:

  • Најново од блогерајот - ги инексира сите нови постови РСС ...
  • Посетеност денес - ја брои дневната посетеност, преземувајки го бројот од единичните посети од Сајтметарот ...
  • Оваа недела - ги брои посетите од последната недела ...
  • Вкупно досега - ги брои посетите вкупно досега ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Digimak4Large.jpg?t=1232890969

Ова се два графикона, кои ја покажуваат тенденцијата на посетеноста на блоговите кои се пратат ... во првиот дел за “Дневни посети“ всушност развиено за секој ден во минатиот месец ... овој графикон тука покажува дека во последниот месец дневната посета е во пораст ... Вториот графикон е “Месечни посети“ ... тој покажува развиена посета за минатите 12 месеци ... тука имаме интересна слика која покажува дека имаме релативен пад на месечната посетеност ... се гледа дека зимските периоди блоговите се попосетени ... а летните се послабо посетени ... т.е. периодот кога децата/студентите одат во школо е најголема посетеноста ... во деновите на викенд паѓа посетеноста http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Digimak5Large.jpg?t=1232892736

Тука, кога ке го поставите курсерот на одреден пост ви се покажува, чив е постот ... кратка содржина на постот - првата решеница вообичаено и кога е индексиран ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Digimak6Large.jpg?t=1232892847

Ова е така наречено “Блог Облаче“ - каде кога ке го приближите курсерот ви се покажува бројот на вкуните постови кои се индексирани ... во случајот “Зомбификација“ има 797 постови кои се индексирани ... што покрупно е името на блогот тоа значи дека има повеќе блог постови кои се индексирани ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Digimak7Large.jpg?t=1232893060

Тука имаме стална апдејтирана споредба на три блога кои се моментално највисоко на листата на посетеност ... порано можеше да бираш и самиот кои блогови сакаш да ги споредуваш, сега не ја гледам таа опција ... се работи за месечна посетеност т.е. посетеноста во минатите 30 дена ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Digimak10Large.jpg?t=1232893587

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Digimak12Large.jpg?t=1232893507

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Digimak13Large.jpg?t=1232893537

Кога ке кликнете на поединечен блог ке имате можност да видите корисни податоци за посетеноста во изминатиот месец и изминатата година ... да ги видите тенденциите на кривата ...

Творецот или несака или незнам зошто не ги воврстува сите индексирани блогови во споредбата, така по мене се онеправдани многу блогови кои се се` поактуелни ... како на пример блогот на Зорив, Деди, Ванковска ... и многу други кои од ден на ден се се подобри и поактивни ... зошто е тоа така треба да каже творецот на сајтов ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Digimak8Large.jpg?t=1232893922

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Digimak9Large.jpg?t=1232894037

Ова една друга страна од истата платформа каде се пратат интересни содржини ... содржини кои се слични и со други портали ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Digimak16Large.jpg?t=1232894089

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/Digimak17Large.jpg?t=1232894110

Постои и блог на blog.digimak.net ... каде се комуницира со корисниците и се соопштуваат новините ...

Оние кои се заинтересирани за влезат во кругов на блогери кои се индексирани тука нека се пријават на меил адресата - blog@digimak.net ... може да посочиш и туѓ блок кој по тебе ислиш дека се значајни да влезат во овој избор ... јас на пример имам пријавено неколку блога, кои се тука уврстени ...

1 comment:

Anonymous said...

Фала волан на деталната анализа на сајтот/сервисот што го нудиме. Сеуште го надградуваме и се надевам дека ќе стане уште покорисен.

Да ти одговорам на некои од забелешките/прашањата што ги постави:

"порано можеше да бираш и самиот кои блогови сакаш да ги споредуваш, сега не ја гледам таа опција"

Ова ќе го вратам пак - со преминувањето на новата платформа за графичка споредба сеуште не сум имал можност да ги направам промените во кодот што ќе го овозможат ова.

"Творецот или несака или незнам зошто не ги воврстува сите индексирани блогови во споредбата, така по мене се онеправдани многу блогови кои се се` поактуелни ... како на пример блогот на Зорив, Деди, Ванковска ... и многу други кои од ден на ден се се подобри и поактивни ... зошто е тоа така треба да каже творецот на сајтов ..."

Ова е бидејќи блоговите или немаат или не им ги знам sitemeter адресите од кадешто би ги собирал информациите. Сега баш го проверив Зорив и неговиот sitemeter е заштитен, т.е. не е јавен па не можам да ги собирам неговите информации. Инаку, се согласувам со тебе дека колку повеќе блогови следиме на овој начин толку подобра ќе биде и сликата за посетеноста на блогосферата.

Уште еднаш фала на забелешките и се надевам дека ќе продолжеш да не следеш.

Blog Archive

Site Meter