Имам пријатели ВмроДпмне-овци ... ме информираа дека деновиве секој член на ВмроДпмне треба во партијскиот штаб да достави список на луѓе со име и презиме, адреса и телефонски број кои не се ВмроДпмне-овсци, но се можни симпатизери, кои на престојните избори би гласале за ВмроДпмне ... еден таков список вчера видов со мои очи ...
Ако си на раководно место по заслуга на ВмроДпмне, а сакаш да го задржиш или сакаш да напредуваш твојот список на вакви можни подржувачи од редот на неопределените треба да е подолг ... на него треба да има најмалку 50 луѓе ..
Се коси ли ова со Законот за тајност на личните податоци ... ??!
Која е намената на овие списоци, кои ке се употребуваат за партиски потреби ... списоци со лични податоци за луѓе кои не се членови на ВмроДпмне ... Како тоа ВмроДпмне замислува да ги контролираат овие луѓе за кого ке гласаат ??! ... не ми работи мојата фантазија, може некој од Вас знае ...
Вчера за времетраењето на празнувањето на Водици ... активисти на ВмроДпмне делеле флаери ... некакви честитки ... ги покажаа на телевизија ...
No comments:
Post a Comment