Како би можеле да изгледаат писмата што Хисни Ѓемаили три месеци ги испраќал на Претседателот на Парламентот Трајко вељановски ни открива Утрински - Правната држава во нокаут ... новиот Агим Красниќи.
- „Претседателе, јас не можам да дојдам денеска на седница, бидејќи ме гони полицијата за воено злосторство“.
- Или: „Претседателе, има многу полиција во парламентот, ќе ме фатат и ќе ме однесат во судот каде што се води процес против мене за воено злосторство“.
- ... во нашата земја полна со патриоти. Осомничените од „Змиско око“ окапаа во притвор за наводно крадење на патарините, додека, пак, на друга страна за злосторства од најтежок вид притворот може и да се укине.
- Најновиот развој на настаните поврзани со пратеникот Хисен Џемаили е кулминација на политичкото влијание врз судството.
- Хисен Џемаили е единствениот осомничен во бегство кому му е укинат притворот и е прифатена кауција за дело кое ја носи најтешката можна квалификација - воено злосторство или малтретирање цивили во време на воен конфликт.
No comments:
Post a Comment