ЕВН е последниот голем странски инвеститор во Македонија ... Тој како и сите големи странски инвеститори во Македонија дојде и купи една монополска компанија ... такви порано беа Цементара, Пивара Скопје, Макед.Телеком, ОКТА, ...тие и по купувањето останаа монополи ...
ЕВН беше продадена од минатата СДСМ-овска влада а против продавањето на ЕВН јасно се изјаснуваше тогашната опозиција сега власт ВМРО-ДПМНЕ ... Новата Влада јасно и стави до знаење на ЕВН дека не е посакуван странски инвеститор ... Владата преку менување на законодавството во електроенергетскиот сектор постепено го стеснува просторот на монополската позиција на ЕВН ... Во еден момент ЕВН доби јавна покана/порака дека може да си оди од Македонија и дека Владата е спремна да ги врати парите од купопродажниот договор ...
Сега повторно има гласноговорници кои бараат државата да одземе уште некои права на ЕВН ... се плашам дека сето ова пак ке заврши пред меѓународен суд, каде странците ке си ги наплатат договорените моноплоски позиции ... а цехот ке го плати граѓанинот ...
Туку мене друго ми е поентата на постот ... во време кога Груевски и целата Влада три години води интензивна кампања за привлекување на странски инвестиции ... кога на тој план покрај целиот труд има многу мали резултати ... кога се откажаа многу тендери од кои се очекуваше влез на покрупни странски инвестиции во изградбата на патната мрежа - преку моделот на концесионерство ... во неколкуте поголеми хидроцентрали истотака преку модел на концесионерство ... дури и во некои помали проекти како што е Сончев Град ... и повеќе други ... кога и покрај многу најави нема инвестиција од Агрокор ... кога како највисок дострел се само потпишани меморандуми за намери ... Груевски јавно на телевизија се расправа со последниот најголем странски инвеститор ... дали тоа Груевски сам си забива нож во неговата заложба за нови директни странски инвестиции ... кој инвеститор ке дојде да инвестира во земја која потоа ке ги смени законските прописи во бизнисот во кој си инвестирал ... да не заборавиме Груевски како Влада имаше прилика да ги троши парите од продажбата на ЕВН ... со тие пари чинам врати некои стари кредити ... бидејки ЕУ не дозволи со нев да се вршат нови инвестициони проекти ...
No comments:
Post a Comment