Search This Blog

Thursday, December 03, 2009

Должен си ко Грчка ... Дали Македонија станува земја со преголемо задолжување ?!

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/LizgalicaLarge.jpg?t=1247307245
Должен си ко Грчка. Оваа сентенца ја знаеме сите, присатна е и во народниот говор. За несреќа на Грците нивниот долг и трговски дефицит е повторно голем. ЕУ воведува контрола во буџетската потрошувачка на Грција, некаков мини валутен борд. Да спомнам дека се шпекулира дека Грција е следната која ке доживее финасиска криза/крах како што доживеа Исланд.            Повеќе ».....


Но проблемите на Грците да им ги оставиме сами да си ги решаваат, за нас е побитно да се запрашаме дали Македонија стана презадолжена земја (дефицит на Република Македонија од 900 милиони евра пред три години, е на рекордно високо ниво од 1,8 милијарди евра денес ...) и ако е така - како да го решиме нашиот проблем. Ако ги погледаме нашите економски параметри и остварувањето на нашиот буџет (сите последни ребаланси одат кон намалување на приходните и расходните страни на нашиот буџет, со проектиран релативно висок буџетски дефицит кој се пегла со планирани позајмици и кредити) веројатно ке констатираме дека се движиме во сигурна насока на презадолженост и сме во немирните води на преголем трговски дефицит, кој досега се пегла со мистериозните високи дознаки од нашите изеленици од странство, кои на годишно ниво во последните години се движат и до милијарда долари.

ЕУ го става грчкиот буџет под силен мониторинг - особено расходната страна и непродуктивните трошења на буџетот, кои се замрзнуваат, се намалува и јаната потрошувачка. Ако е тоа лекот, нашата Влада самата ке мора тоа да го стори - да ги намали непродуктивните трошоци и големата јавна потрошувачка, заедно со намалување на огромниот терет на преголемата државна администрација (гласачка машина на секоја моментална власт). Намалувањето на администрацијата треба да се случки како на онаа јавната, на која и се исплаќаат редовни плати, така и на онаа која се крие во ставката СТОКИ И УСЛУГИ во која партијското вработување е клучот на нејзино зголемување. Еден од чекорите е веројатно и кредитен ангажман со ММФ кој досега се одбегнува со земање на скапи кредити кај независните странски банки и домашните слободни финасиски потенцијали, што пак доведува кон умртвување на домашните инвестиции и намалувањето на обртните сретства на МК стопанство. Сето резултира на презадолженост и банкрот на стопанските субјекти кои се на границата на рентабилитетот а тоа пак ја зголемува стапката на невработеност и ја дига социјалната тензија во општеството. Попат платите во јавниот сектор се замрзнуваат, но цените на струјататта, нафтата, храната одат нагоре ... тоа пак раѓа се поголема стапка на сиромаштија и апатија и несигурност меѓу народот.

No comments:

Blog Archive

Site Meter