Search This Blog

Friday, December 18, 2009

Мојот блог - мојата ливада на “англиска трева“ ... 500.000/1.000.000 клика за четири години постоење

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-10Small-1.jpg?t=1261139719
  • По четири години постоење на мојот блог/блогови Сајтметарот денеска изброја 500.000 единечни кликови, т.е. 1.006.000 посети на моите блогови.
  • Дневната посета моментално е 955 единечни кликови, т.е. 1.924 посети на моите блогови
  • Должината на посетите е 3 минути и 33 секунди.           Повеќе ».....
Сето ова ми дава за право да констатирам дека мојот блог/ови се посетени со бројка на која можат да и позавидат многу печатени неделници. Како беше онаа познатата која ја имам слушнато од Јанко Јади Бурек - “Фали ме усто оти ке те расчепам“. Благодарам на сите кои ме читаат. Бројката на посетеноста на мојот блог/ови е сигурно поголема бидејки сајтметарот не ги бележи посетите на ние кои ме читаат преку РСС. Верувам дека такви се над 30 проценти, но ке остане шпекулација бидејки ги нема на бројачот.

Мојот блог/ови се отварани секој заради различна цел - но главната цел е да се зголеми интернет содржината на пишаното на Македонски јазик.
 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-11Small-1.jpg?t=1261142181
На горната слика се гледа моменталната  споредбена состојба на Сајтметарите на стотина најчитани МК блогови по изборот на blog.digimak.net. Кога почнав да блогирам неможев ни на сон да помислам дека некојпат ке имам блог кој споредбено со другите МК блогови е најпосетуван. Учев од подобрите, бев упорен, секојдневно ги подобрував содржините на мојот блог/ови, ја наводенував и косев редовно мојата блог ливада од англиска трева и веројатно тоа е главната причина поради која моментално мојот блог/ови ја имаат првата позиција во споредбената анализа. Втората причина е веројатно линкувањето кое обилно го практикувам ... третата причина чинам дека се моите фотографии кои несебично ги постирам, фотографии од многу стари и свети места, од природните реткости и убавини на наша Македонија ...

Еве добра прилика да Ви ги представам сите мои блогови:
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-3Small-1.jpg?t=1261141044
3. волан http://volanskopje.blogspot.com/
На овој блог кој е подигнат на платформата на  blogspot.com досега има подигнато 3.077 написи/постови. Првиот пост со наслов Ќе увезуваме компјутерџии!, беше напишан во февруари 10, 2006 година. Блогот го отворив како моја дупка каде ке викам дека “Царот трајан има козји уши“ или во превод да го кажам моето мислење за одредени општествени појави и процеси.

Овој блог всушност е втор мој блог, претходниот го изгубив некаде на интернетот беше отворен некаде во ноември 2005 година истотака на blogspot.com. Го изгубив заради неискуство ...
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-1Small-1.jpg?t=1261142423
4. волан на http://volanskopje.blog.com.mk/
Ова е паралелен блог со истоимениот блог волан на blogspot.com. Зошто мојата потреба да имам паралелни блогови на две платформи. Најпрвин заради потребата некој друг да ми чува бекап на моите написи/постови. Понатака двете платформи имаат различни читатели. Имено на .blog.com.mk има посета која е бројна кога ке го напишеш постот и бројни коментари. Додека блогот волан на blogspot.com е блог кој лесно и брзо го пронаоѓаат пребарувачите, особено http://www.google.com/. Моментално посетеноста е изедначена на двата блога со сосема различни читатели.

На овој блог може лесно да се видат кои се моите интереси и теми за кои пишувам:
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-6Small-1.jpg?t=1261143158
5. Овој блог Скопје, Свети и стари места ... е намески блог, всушност припрама за еден мој проект кој треба да оди на посебно ДВД со соодветна промотивна изложба на моите фотографии од Светите и старите места во Скопје и скопско ...
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-4Small-1.jpg?t=1261143525
6. Посебно сум горд на овој блог во кој говорам за случувањата во моето родно место Старо Нагоричане ...
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-8Small-1.jpg?t=1261143673
7. На овој блог говорам за мое Куманово ...
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-12Small-1.jpg?t=1261143972
8. На овој блог Интернет Македонија сум коавтор со уште еден член на невладината Интернет Македонија каде и самиот членувам од нејзиното оснивање ...
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-2Small-1.jpg?t=1261144119
9. Моја Македонија - фото записи е релативно нов мој блог проект, каде линкувам фотографии кои се наоѓаат на интернет а се однесуваат на Македонија како фото тема ... фотографијата ми е стара љубов.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-5Small-1.jpg?t=1261144306
10. Macedonia Photo Stories е паралелен блог со предходниот блог кој оди на blogspot.com со превод на англиски јазик ...
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-7Small-1.jpg?t=1261144487
11. Photo Volan е мој најнов блог проект кој додека не направам сајт за мојата фотографија, ми служи како CV за мојата фотографија ...

Отворен сум за секаква блог соработка со сите МК блогери за заеднички блог проекти каде ке се третираат теми за кои и самиот имам интерес. За крај, изразувам благодарност на сите мои читатели.

2 comments:

Anonymous said...

Nekako ne mi te simpatisat ovie drugive blogeri batka ...... ili ja utnav rabotava.

Photo Volan said...

За вкусовите не се дискутира :)

Blog Archive

Site Meter