Фондацијата Фридрих Еберт, изготвувач на горната анализа која сеуште не е подигната на интернет во врска со “Употреба на блоговите од страна на политичките партии“ заклучува дека:
- Од аспект на користењето на блогот како медиум, може да се заклучи дека политичките партии ги користат блоговите повеќе како сервис за презентација и рекламирање, отколку како можност за иницирање и учество во дебата. Бидејќи поголемиот дел се користат во предизборна кампања, нивната содржина е одраз на тоа, односно преовладува предизборната иконографија на партиите.
- На блоговите на политичките партии се презентираат нивните програми, биографии, се ставаат видеа и фотографии од политички маркетинг, се линкуваат со профили на останати сервиси за социјално вмрежување.
- Она што недостига на блоговите на политичките партии е дебатата со помош на блогот како медиум. Политичките партии блоговите ги користат едноставно само како уште едно место за презентација без, притоа, да се впуштат во дебата, за која блогот како медиум дава одлична можност. На тој начин блоговите прераснуваат во складишта на партиски пропагандни материјали и место за коментирање, без, притоа, да се оствари комуникација со политичките субјекти.
- Заклучок - Појавата на блоговите како нови медиуми ја отвори и можноста за нивна употреба од страна на политичките партии. Но факт е дека блог активностите на политичките субјекти се сведени на нивно онлајн претставување, но не и онлајн комуникација, што е и главниот заклучок по однос на употребата на блоговите од страна на политичките партии.
- Изборите и интернет преставувањето на кандидатите ..., Од сето погоре може да се заклучи дека ПР-ите на големите партии - заклучиле дека не им е потребно интернет представување на програмите и на кандидатите на овие избори ... оние кои гласаат не се на интернет ... не дека нема гласачи на интернет - но се покажа дека се тие преголеми “пицајзли“ ... кои го мерат дури и влакното на јазикот ... и затоа ПР-ите бегаат од интернет представување ... не дека на интернет нема своевидна војна помеѓу симпатизерите на партиите ... но тие се водат по форумите и по одредени блогови кои пратат избори ...
- ПРЕСЛИКУВАЊЕ ... владино-невладини блогови, ... од мене прогласениот технички најдобар политички блог - блогот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ... И овој блог е запуштен и напуштен. Како и што прогнозирав во времето на настанување на ваквите политичко изборни блогови тој никојпат немаше некоја поголема читаност иако имаше најдобар технички изглед. ... ... Ништо пободби не се ни блоговите на останатите политички играчи кои учествуваа на последните политички избори. Тие згаснаа со завршувањето на изборите. ... ... На политичките блогови немаме никава дебата на различни орјентации. Секој плука само во својот двор. Оние туѓите се игнорираат.
- Слаба посетеност на политичките блогови ..., ... Сето ова покажува извонредно слаба посетеност на ваквите изборни блогови - дури и на оние најдобрите, кои јас ги земав во предвид за оваа анализа ... Очигледно е дека интернет публиката која посетува блогови не ги примеи со отворени раце/срце ваквите блогови, ... ... Блогирањето секојпат е поинтересно кога има лична содржина/пост од авторот ...
- Брлогерите и изборите ..., ... таканаречената десна опција е доминантна на блог МК сцена (во оние блогови кои се бават со политички теми ...) ... повеќемина се ... поотворено настапуваат ... Левицата е многу малку застапена ... а старите тупаници на блог пишувањата на левицата веќе никој не ги чита ... Најголем дел од блогерите не се цврсто определени за ниедна опција ...Што се случува во последниот месец два ... се појавуваат нови блогерски пера ... од власта кои не се кријат и од опозицијата кои препочитаат да бидат анонимни ... Често се заоштруваат дискусиите ... и слушаме препукувања и “мерења“ ... на кого му е поголем де ... рејтингот ... кој ке победел ... а највеќе кој не довел до тука ...
Се слушна дека дел од попознатите блогери ке бидат врбувани за да пишуваат нарачани постови ... ова не е за чудење ... во новинарството веќе се знае кој новинар за кого пишува ... уствари таму цели редакции се на иста таласна должина ...
- Блог - мрчатори VS. Блог - тинтратори
- “Дишење“ на блог ... “блог-позери“ ... модерирање на коментари ...
- Блогерска солидарност ...
- БЛОГ - граѓанско новинарство
Проценката е дека личниот блог на одреден блогер е со многу поголемо влијание од таканаречените политички блогови, кои всушност го “загадуваат“ блог просторот и “трујат“ со својата пропаганда.
No comments:
Post a Comment