Веќе подолго време таканаречената десна опција е доминантна на блог МК сцена (во оние блогови кои се бават со политички теми ...) ... повеќемина се ... поотворено настапуваат ... Левицата е многу малку застапена ... а старите тупаници на блог пишувањата на левицата веќе никој не ги чита ... Најголем дел од блогерите не се цврсто определени за ниедна опција ...
Што се случува во последниот месец два ... се појавуваат нови блогерски пера ... од власта кои не се кријат и од опозицијата кои препочитаат да бидат анонимни ... Често се заоштруваат дискусиите ... и слушаме препукувања и “мерења“ ... на кого му е поголем де ... рејтингот ... кој ке победел ... а највеќе кој не довел до тука ... Апропо ова слушнав добра изрека “... не е толку важно кој не доведе во калта туку е важно - некој да каже како и кога ке излеземе од калта ...“
Се слушна дека дел од попознатите блогери ке бидат врбувани за да пишуваат нарачани постови ... ова не е за чудење ... во новинарството веќе се знае кој новинар за кого пишува ... уствари таму цели редакции се на иста таласна должина ...
Како и да е ке стане вруќо и на просторот на блоговите ... на оние кои отворено пишуваат за политички теми ...
Од друга страна има многу квалитетни блогери кои преку своите “сивија“ (своите блогови) се наметнуваат да завземат некое место во политичкиот живот ... дали ке имаме препознавање на квалитетот на поединците зависи од партиските раководства на двете најголеми партии - дали ке препознаат квалитет ... блогерите се елоквентни луѓе, кои знаат да се служат со пишаниот збор ... стручни за многу области ... лесно ги владеат новите технологии ... повеќето од нив го владеат одлично и аглискиот ...
Досега само владиниот портпарол Боцевски (Скопски времиња ...) се наметна преку својот блог и одлично си ја работи работата - професионално ... значи ако има еден има и други ...
No comments:
Post a Comment