Search This Blog

Tuesday, April 01, 2008

Бугарска позиција/политика во врска со Македонија ... втор пост ...

Веќе пишав во предходниот пост - Бугарска позиција во врска со Македонија ... во светло на спорот за името ... дека во Бугарија има излезено книга “Бугарската политика спрема Република Македониjа“ ... книгата вчера доживеа свечена промоција ... “Българската политика към Македония

[korica-1-bg-mkd.jpg]

Од корицата на книгата јасно се забележува желбата на бугарската политика ... “еден народ - две држави“ ...

Ке цитирам само дел од книгата која нели е преведена и на Македонски и на Англиски ...

Во последно време Бугариjа презеде два извонредно важни зафати во таа насока, кои го обележаа краjот на една и почетокот на нова етапа во неjзините односи со Република Македониjа.
Првиот чекор беа недвосмислени предупредувања кон Скопjе од страна на Претседателот Георги Прванов и Надворешниот министер Иваjло Калфин во 2006 година дека дадениот кредит од безусловна бугарска поддршка за членство на Република Македониjа во Европската Униjа и НАТО веќе е исцрпен и понатаму бугарската поддршка ќе биде резултат од желбата и успехот на Република Македониjа да отпочне и применува нормална политика на добрососедство
. ...“

Вториот значаен чекор беше направен за време на посетата на Претседателот Џорџ Буш на Софиjа во 2007 година кога и Претседателот Прванов и Премиерот Сергеj Станишев му обрнаа внимание на државниот глава на САД врз недобрососедската политика на Република Македониjа. ...“

Македонската нациjа и држава се формирани во процесот на реализациjа и еволуциjа на српска политичка конструкција, обjавена за прв пат во 1889 година, поддржана со едно решение на Комунистичкиот интернационал во Москва во 1934 година и остварена помеѓу 1944 и 1991 година во делот на историкогеографскиот регион Македониjа (околу 36% од неjзината вкупна териториjа), познат како Вардарска Македониjа, вклучен во териториjата на Jугославиjа и управуван од комунистичката партиjа на Jугославиjа. Оваа идеjа прокламира дека, бугарското население на Македониjа, кое живеело во тие земjи од VII век нема ништо заедничко со бугарската држава и бугарската нациjа, ...“

Македонистката доктрина беше наметната во Вардарска Македониjа со специфичките методи и средства за една тоталитарна комунистичка држава: терор и репресии врз луѓето кои се сметале бугари (30 000 стрелани и 120 000 испраќани во логори и затвори); пренапишување на историjата преку образованието и медиумите; фалсификување на автентични документарни свидетелства и артефакти, и преправување на историските споменици (натписи врз цркви, манастири, гробови и сл.). ...“

Слични активности во една или друга форма постоjат и денес во современата македонска државност. Причина за тоа е изборот за понатамошниот развоj на новоформираната македонска нациjа коj беше направен во услови на новата независна држава Република Македониjа во почетокот на 90-те години на минатиот век. ...“

Самото име „Република Македониjа”, покасно, заради недобрососедската политика на Скопjе создаде проблеми во традиционалната употреба на името „Македониjа” за другите позначаjни делови на географскиот регион со исто име – Бугарска (Пиринска) Македониjа и Грчка (Егеjска) Македониjа. ...“

*** Понатака Бугарија со оглед на тоа што е членка на НАТО и ЕУ ... бара ... условува со свои барања - кои демек ние треба да ги исполниме за да не примат во НАТО и ЕУ ...

- почитувањето на декларацијата за добрососество меѓу МК и БГ ...
- да престанеме да ги малтретираме Бугарите во МК ...
- да овозможиме рамноправност на БГ-те во МК ...
- да престанеме да ја “фалсификуваме“ историјата ... и да ги прилагодиме учебниците на БГ гледање на историјата ни ...
- да ги возобновиме написите по црквите и спомениците на БГ во МК ...

Тука ке престанам да ги цитирам или парафразирам барањата на БГ политика кон МК држава ... погледнете и самите ако сте заинтересирани ... прочитајте го целиот текст ... и донесете си сами ваше мислење ...

[IMG_5884.JPG]

Дел од присатните на промоцијата ...

[IMG_5877.JPG]

Меѓу другите и Желю Желев...

[IMG_5930.JPG]

Тука секако е и Божидар Димитров ... осведочен “пријател“ на македонизмот ...

[IMG_6019.JPG]

Официјална Македонија била присатна преку амбасадорот ни, Абдулрахман Алити ...

2 comments:

Anonymous said...

Не съм чел книгата, но това няма значение и македонци и българи пишат хиляди глупости по въпроса.

Моето мение е че просто трябва да се решат някои исторически проблеми. Все пак както всеки човек на планетата така и историческите личности имат правото да се самоопределят към коя нация и етнос принадлежат. Затова и са негативните отзиво от страна на Гърция и България: Александър македонски се е определял като грък, Цар Самуил и Гоце Делчев също (има награда за този които намери документ на които да пише Цар Самуил- Цар на Македония наградата е 500 000 евро ако не се лъжа).

Аз като българин смятам че всеки има правото да се самоопределя. Признавам Македония като държава и не желая териториално сливане, признавам също така правото на всеки македонец да се нарича и да се чувства горд, че е македонец. Историята от друга страна е наука която работи с факти а не е съчинение в свободен стил. Не знам какво толкова трудно има да признаеш: да ние сме нова нация но с дълга история Александър македонски и България са неизменна част от нея, както Сърбия е част от доскорошната ни история. България също има сложна история в изграждането на българската държава влизат 3 етноса, 100 години сме били под византииско робство 500 под турско и да това е дало своето отражение.

Просто ми се иска един ден всички на Балканите да спрът да се боричкат за глупости и да погледнат фактите в очите- ние сме свързани исторически. Всички сме свързани и от това няма каде да се скрием, затова нека просто да го приемем и да си стиснем ръцете приятелски.

Anonymous said...

На вниманието на читателите на блога
http://mirror.veus.hr/blackhand/
На този сайт е публикувана книгата на Анри Пози "Войната се завръща"
Има и издание на български език от 1934 г.
http://www.promacedonia.org/hp/pismo.html
Време е тази книга да се преиздаде в България и Македония.
Надеждата ми е, че като знаете повече за миналото, ще престанете да се държите като деца, братя македонци.
А иначе, никой не може да ви отрече правото да се наричате както си искате.

Blog Archive

Site Meter