Search This Blog

Tuesday, April 15, 2008

“Чатал“ ...

Сликата “http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Large-1.jpg?t=1208190727” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Во времето на моето детство ова беше популарна играчка на машките деца - но имаше и девојчиња со чатали “машкаданки...“ ... зборувам за период кога бев второ до осмо оделение ... значи пред четириесетина и кусур години ...

Чаталот (види ја сликата) го правевме од подебела жица која ке ја соберевме од некоја ограда ... често жицата беше рѓава но со тек на времето од киселините на рацете ке светнеше ... Тогаш ретко можеше да се најдат клешти ... па во недостаток жицата ја киневме со раце - превиткувајки ја повеќепати на исто место ... потоа се служевме со рачно виткање со прсти а за подебелите жици ке најдевме погоден раб од нешто (ограда, соодветен камен ...) ... да , наместо чекан користевме тврд камен оној белиот ... каменот служеше за повеќе намени ... да се исправи жицата - за што требаше да има рамнен бетон кој вообичаено го наоѓавме на тротоарите од улиците ... или краткото парче бетон покрај зградите (служеже да не оди вода директно во темелите на зградите ...)... да се пресече жицата удирајки повеќепати на исто место “клцање“ ... Најтешко од се беше да се направат окца за ушките каде ке требаше да се врзе ластичето ... па заради тоа често крајот ке се направеше со сплескување на жицата за да биде подебел крајот каде ке се врзеше ластикот ... Местото каде се држи ластикот за да биде поцврсто се обложуваше со пвц жица која во тоа време ја имаше во повеќе бои и служеше за да се обложуваат шишиња во разни шари ... така чартелот ке ја добиеше потребната цврстина и естетски изглед ...

Ластичето беше важен дел на чаталот ... него го наоѓавме на поголеми бомбони на кои имаше на едниот крај врзан ластик/че за да се игра “јојо“ ... имаше и малку подебели ластици-доволно еластични но беа прилично ретки ...

Третиот реквизит беа “пачките“ ... ги правевме од потенка жива ... исечена на сантим до сантимипол должина и превиткана во форма на буквата “V“ или “U“ латиница ... добро имаше пачки кои ги правевме и од хартија ... два до три сантима хартија долга цирка пет сантиметри .... па завиткана во тутурутка ... и на крај превиткана во форма на буквата должина и превиткана во форма на буквата “U“ латиница ...

Овие книжниве пачки служеа за забава во школо ... за да им досадуваме на “паметните девојчиња“ и “издаиците-цинкарошите“ ... кои не смееа да зуцнат дека некој ги мава ... инаку потоа ке беа мета за одстрел со вистински пачки ... Се сеќавам кога ке се направеше некоја беља со пачка ке дојдеше директорот и ке не натераше да ги извадиме сите чатели на маса ... ке ги собереше и после иди најди друга соодветна жица за добар чатал ... Оние металните пачки беа вистинско ладно оружје на добар стрелец ... и затоа беа опасни ... особено по очите ... искрајно не се сеќавам дека имаше таква повреда ... но од гледна точка на возрасен човек никојпат не би дозволил мое дете да има таква “играчка“ во џебот ...

Чаталите служеа и за маалските пресметки меѓу децата кои беа чести ... а имаше и игра на деца од исто мало/улица ... две деца ке правеа банди ... моја банда и твоја банда ... и после симулација на вистинска борба ... Чаталот никојпат не го носев дома ... туку го криев некаде во дворот ... знаев дека ако ми го најдат дома отиде чателот ...

Е да вистинска мета на чаталите беа врапчињата ... чателот за нив беше убоит до десетина метри ... а врапчињата не бегаа ... во тоа време врапчињата беа прогласени заедно со чавките за штеточини и никој не ти бранеше да тепаш врапци ... дури како да се сеќавам ако собереше незнам колку ноги од врапци како доказ дека си ги уништил следеше некаква награда ...

Со сегашниот памет на возрасен човек никојпат не би мавнал по ниедно врапче ... тоа е убивање за забава ... кое е против сите логики ... без разлика на тоа дека демек врапците и денеска се штеточини ... но замислете да го нема нивниот цвркут наутро ...

На крај напоменувам дека ова не беше добра игра ... бидејки можеше да има повредени ... но ја раскажав за да одсликам едно време ...

- ДЕТСКИ ИГРИ ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter