Македонците се утепаа барајки БГ пасоши ... едно време тоа беше и добар бизнис за посредниците ... лапнаа паричка ... непотврдени податоци велат дека 40.000 МК граѓани веќе поседуваат БГ пасоши ... и незнам колку иљади чекаат да им се реши барањето ...
Бугарија искочи со нова стратегија према МК прашање ... во стратегијата се бара заштита на правата на бугарите во МК ... но никаде не се зборува за бугарско национално малцинство ... На прв поглед ова изгледа чудно ... но ако знаеме дека официјална Бугарија не признава постоење на македонска нација ... на македонски јазик и воопшто на македонски национален идентитет станува јасно зошто не користи термин бугарско малцинство во Македонија ... тие нас сите не сметаат за Бугари ... само демек ние не сме свесни за тоа ... еден народ - две држави ... Само е прашање на време кога и бугарите јавно во меѓународните институции ке трубат иста музика со грците за непостоење на МК национален идентитет ...
Така ако добро пратите што велат БГ авторитети - тие бараат заштита за бугарите, не за БГ малцилство во Македонија ...
На минатите локални избори Каракачанов истрча со соопштение дека ке формира свој огранок на партијата во Македонија и дека ке се бори за локалната власт ... но не направи ... Сега се избори во Македонија ... можеби на Каракачанов сега ке му текне да прави огранок на неговата партија и да се бори за власт ... Ако сите кои имаат БГ пасош или барање за БГ пасош се здружат - тоа би било респектибилна партија од неколку десетици иљади гласачи ... но до денеска нема таква партија ... не им текнало или се покажува правата вистина зошто се бараат БГ пасоши ... а тоа е полесното движење низ ЕУ државите и развивање на бизнис ... сепак македонизмот (чувството за припадност кон македонската нација) во секој што поседува БГ пасош е поголемо/посилно - од чувството за бугарска национална припадност ... Бугарите сеуште не се “ИН“ во Македонија ...
Оние кои ме познаваат, знаат дека немам ништо против бугарите ... напротив имам доста пријатели меѓу нив ... ова само да сватат оние кои не ме познаваат дека јас немам никави лоши чувства за бугарите ... напротив ... пробувам само реално од моја точка на гледање на работите и со моите сознанија - гласно да размислувам на мојот блог ...
No comments:
Post a Comment