Search This Blog

Friday, April 18, 2008

Интернет понуда во Македонија денес ...

Подолго време немав видено кој што нуди како интернет пакет ... денеска можеме да кажеме дека ако живееш во Ново Лисиче или Аеродром имаш можност да бираш меѓу 5 компании кои нудат интернет на ист простор ...

- МТ понуда за интернет пакети ...
- Оn.net интернет пакети ...
- ТелеКабел Интернет Пакети ...
- CableTEL со нова понуда за интернет ... од 01.04.2008 ...
- "Cosmotelco" и на "Nexcom Македонија" кај и да е ке понудат интернет преку Wimax интернет ...Wimax - лиценците доделени ...

Вакво нешто до пред година дена беше незамисливо ... на едно место за ист корисник да се борат 5 реномирани компании ... тоа е причина секоја да се бори со добар квалитет и ниски цени ...

Она што сега се нуди во моментот е значајно зголемување на брзините ... релативно намалување на цените ... за иста цена добиваш подобар интернет од порано ... последната година се зголемуваа брзините а цените стоеа ... горе доле цените кај сите што нудат се слични со мали разлики ...

Оној што сака да купи нов приклучок сега е на страшни маки ... има четири компаниии кои те збунуваат со многуте цифри ... затоа најдобро е осем што ке ги погледаш цените и ке ги прочиташ сите работи ... особено оние кои се пишани со ситни букви ... ке си појдеш по комшилук и ке си прашаш кој како е задовлен од која компанија ... на крај самиот ке си донесеш одлука ...

Ептен е слатко вакво бирање ... камо среќа така да е и во фиксната телефонија ... во мобилната со влезот на третата компанија веќе се постигна саканата цел и таму цените паѓаат а квалитетот се зголемува ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter