Во последно време се почесто имаме тероризирање преку интернет ... разноразни типчиња помлади но и постари - замислувајки и изигрувајки “хакери“/кракери де ... мислејки дема никојпат нема да бидат откриени седнуваат на некој компјутер во некое интернет кафуле ... креираат меил адреса на некоој од странските сервиси ... и почнуваат да пишуваат закани ... со пцуење на се што ти е најмило ... дека ке ти направат она ... ова ... дека ке те запалат ... дека ке те убијат ... и дека незнам што ...
Осем што покажуваат исклучителна “храброст и интелегенција“ која ја покажуваат пишувајки закани - тие воопшто не очекуваат дека ке бидат фатени ... а кога ке ги фатат ... сигурно велат ... па ние тоа го сметавме за игра ... се шалевме де ... едно време ваквите работи се правеа дишејки ти во телефон ...
Зачестија неколку примери на фаќање на такви кракери ... во Куманово оној кој се заканувал на САД амбасадата ... еве вчера и овој другиов кој се заканувал на пола Влада - сосе премиерот ... Значи специјалната “интернет полиција“ покажува дека може ако сака да ги одкрие ваквите криминалци ... Би било убаво да се најдат и оние кои се закануваа на Рада ... оние кои се закануваа на десете од листата предавници за името де ... и многу други кои стојат како нерешени предмети во полицијата ...
Кога такви случаи ке бидат решени полицијата ке покаже дека не прави дискриминација на случаите и ги лови само оние кои ним им се закануваат ... а другите ги чува по фиоки ако воопшто за нив има предмети ...
А да, ке заборавев ... вакви кракери има и по блогосферата ... ке се закачат на некој пост и одкако не ке можат интелегентно да се наметнат ... ке почнат да се закануваат ... Сега за сега никој не ги сфаќа сериозно ... но закана си е закана ... тука се вежбаат ... да не заборавиме дека македонецот го измисли тероризмот како појава ...
1 comment:
Тероризмот како појава одамна е присутен во светската историја,ако ништо друго види Руски Популисти.Изјавата дека Македонецот го измислил тероризмот како појава е погрешна,поправилно би било да се рече дека Македонецот прв на балканот се послужил со тероризам како инструмент во обидда го привлече светското внимание
Post a Comment