Во време на избори како што се сега во Македонија многу е важно за политичките субјекти да имаат на своја страна некој од јавните меинстрим медиуми во Македонија ...
- некој дневен или неделен весник ...
- некоја ТВ или радио станица ...
Сите наши меинстрим медиуми се од подоавна наклонети према една од двете големи политички опции во зависност од наклонетоста на сопственкот на медиумот ... затоа секоја власт се труди додека е на позиција да ги има за пријатели новинарите ... ги шета со себе ... дава изјави само на одредени медиуми а ги избегнува другите ... врши често големи рекламни кампањи со позадина за задскриено финасирање и подкупување на медиумите ... тоа е толку провидно што и од авион може да се види ... што би рекол еден наш Премиер ...
Испаѓа дека би требало во моментот најслободни и најреални медиуми да се интернет медиумите ... форумите и особено блоговите ... ке биде интересно да се прати како на овие избори партиите ке ги користат електронските медиуми што се бават со политички теми ... Некои блогери малку на шала малку на вистина прогласија дека за поволен напис кон некоја партија нивната цена е толку и толку ... некои други пробаа да се зезаат со некакво здружување во овие избори за заедничка цел ... На форумите поради присаството на повеќе медиатори не може да се осети индивидуалниот пристап на поединецот ... но затоа на блогот тоа и те како се осеќа ... индивидуалниот пристап на блогот дава за право да се мисли дека блогот пореално ке може да влијае ...
Досега малкуте луѓе од таканаречената интелегенција се ангажираа во медиумите ... тоа го правеа само преку хонорирани колумни или наклонети интервјуи ... а по блоговите и форумите многу малку дури премалку е присатана делот на мислечкиот свет од нашата држава кој треба да го искаже својот став ... Предолго МК интелегенција стои по страна и се задоволува со малку поголема плата од просечната македонска ... На мислење сум дека и на овие избори со мали хонорирани исклучоци МК интелегенција пак ке си мудрува и ке си стои по страна ... додуше најголемиот и најквалитетниот дел си бара и си наоѓа чаре во странските држави ... Инаку идеално место кај може да се чуе мислењето на МК интелегенција и мислечкиот свет од МК е блогот ... иако тој сеуште нема големо влијание во креирањето на јавното мнение ...
Има и една друга теза кој може и како да влијаае на најбројните гласачи во Македонија ... а тоа се невработенте и сиромавите ... Скоро сум сигурен дека човек на гладен стомак малку помалку мисли за идеалите ... би требало да биде прагматичен и под притисок на својот стомак да носи прагматични одлуки ... да гласа за оној кој ке му го реши проблемот во што пократко време ... дали изборите ке ги добие онаа опција која на оваа група на луѓе (невработените, сиромавите и ги заборавив пензионерите ...) ке им даде најголеми ветувања ...
No comments:
Post a Comment