Има една изрека “..Пази се од Данајците кога дарови ти носат ...“... Дали вака треба да ја сватиме пораката на Бакојани која вели дека ке ни подари економска помош од неколку десетици милиони евра (впрочем пари од ЕУ фондови ...) за изградба на магистралниот пат во Македонија ... делот пред грчката граница ...
Со економска помош грците ја мамат Македонија уште од стартот на преговорите за името ... уствари што сакаат ... сакаат да бидат контролори на европските пари кои ке се трошат како помош во Македонја ...
Гледам дека и во Албанија понудиле помош во вид на заем од 230 милиони евра ... и пак за патен правец кој ја поврзува Грција и Албанија ... Мајката колку се итри грците ... трговци ... земаат заем со помала камата па ти ги продаваат истите пари со повисока ...
Зарем сите ја заборавивме поговорката - “Дужиш како Грчка ...“ ... од каде сега на грците толку пари да даваат помош и заеми кога и самите сеуште се на цицката на европските фондови ...
Не благодарам за данајските дарови ... кога се дава помош на комшија, на пријател се вика “... ке вратиш комшија кога ке имаш ... зошто гледам дека немаш а мене париве (или било што да е ...) не ми се толку потребни како тебе ...“... тогаш ке разберам дека е вистински израз на пружање рака за помош ... вака со уцени еве ти тебе овие пари, ама ти да се откажеш од ова, од она ... не багодарам ...
No comments:
Post a Comment