Во спорот со името Претседателот Црвенковски знае да искористи прилика и да заработи по некој поен во македонскиот електорат ... Сеуште се сеќаваме на неговото обраќање во Обединетите нации каде гласно рече дека Мојата земја е и ќе остане Република Македонија ... а во една друга прилика рече дека не ја разбира грчката фрустрација со нашето име и изрази чудење зошто до пред 17 години на грците не им пречаше нашето име ... ова чинам на некој форум беше ....
Најновата негова акција е писмото до Обединетите Нации - до Бан Ки-Мун. ... каде го моли Бан Ки-Мун да ги извести членките на Советот за безбедност дека Грција грубо ја прекршила Времената спогодба (член 11) - користејки вето за приемот на РМ во НАТО ... иако со Времената спогодба се има обврзано дека нема да го попречува приемот на РМ во меѓународни организации ...
- Interim accord ...
No comments:
Post a Comment