СДСМ беше познат по тоа што правеше предизборни договори со Синдикатот ... и од Синдикатот оној таканаречен мнозински - направи пародија ... Независните синдикати се приказна на тогашната опозицона ВМРО-ДПМНЕ но од незнам кои причини кога дојдоа на власт “соработката“ престана ... СОНК се наметна и стана партнер на Власта во предходните две години ...
Го гледам вчера Груевски како ја прави истата грешка на СДСМ ... прави предизборна коалиција и предизборен договор со синдикат ... Синдикатот по дефиниција е тој кој треба да бара повеќе права од рабододавачот и не го замислувам како коалиционен партнер на било која власт ... особено заради тоа што во државниот апарат има голем број на вработувања ...
Од друга страна слушам некои интересни изјави од познати синдикалисти дека на изборите ке настапат како независни пратеници ... демек да ја освојат власта за да ги спроведат синдикалните барања ...
Невидена синдикална ршомонијада ... претворена во дворски игри со власта ... извртување на улогата на Синдикатот и Синдикалната борба ... Јак синдикат е потребен на секоја нормална држава ... за да граѓанинот како вработен во било кој сектор биде заштитуван од претераните желби за доминација на капиталот/работодавачот во однос на вработените ...
Местото на синдикатите не е во декорот на изборните процеси ... Тој мора да е во перманентен судир со било која власт ...
No comments:
Post a Comment