Еу кога ги примиа Бугарија и Романија во сојузот под таканаречено условно членство ... со тригодишно засилено посматрање ... е разрочарана од слабиот напредок во овие земји на полето на демократските процеси и особено на корупцијата ...
Но караванот врви а во Бугарија и Романија се поголеми се инвестиците и реално расте економијата ... зарам ЕУ по три години ке рече ... е не успеавме со Бугарија и Романија - веќе не се земји ЕУ членки ... не ... тоа го знаат и бугарите и руманците и си ги товарат магарињата ... додека не дошол пољакот ...
Ние заради разните “патриотски чувства“ - иако до пред 17 години со иљада миљи појак економски и демократски развој од овие две држави за овие 17 години можеме да констатираме дека соседите Романија и Бугарија полека не стигаат во економските параметри ... платите де ... а за инвестициите ич да не муабетиме ... нели сме ние тука лидери ама од позади ...
Ако бев активен политичар во овие 17 години во МК ке се тргнев сам од сцената ... за да не трпам јавни срамови од се што направив до сега - враќајки ја МК толку назад ... ке оставев простор за некој попаметен/помудар ... да ја влече МК кон ЕУ и НАТО нтеграциите ... Но кај нас не важи европското правило ... изгубиш ли битка да се повлечеш ... туку веднаш поразот го претвараш во победа ... и прогласуваш дека си најдобар ... најзгоден ... незамененлив де ... Сето ова е само одложување на скорото симнување од политичката сцена на функционери кои изгубиле битка ... мачење ... и нивно и на народот ...
No comments:
Post a Comment