Постои ли план кој вели дека заедно со Парламентарните ки имаме и референдум за новото име ... Едноставно е не постои :) ... Парламентот распишува референдум а тој е распуштен ... но дали е тоа така ... Чинам дека кампањите на сите политички партии кои ке истрчаат на овие избори ке се врти во голема мера околу спорот со името ... во стил кој ни го направи спорот ... кој е за промена а кој под ниедни услови нема да се согласи со ново име ... особено не без Македонец, Македонско ...
Како сега да ги гледам билборбите со четирите главни кривци за сегашниот спор “четирте АСА“ - Глигоров, Црвенковиски, Андов и Малевски ... во стилот нивните слики и тие беа за ФИРОМ ... или “кој ни го тоа направи ...“ ... А како одговор на тоа ке имаме билборди во стилот Груевски е кукавица ... Ставревски е “мистер тендер“ ... Тачи е “војвода“ ... “ТАТ“ и “Октободот“ ке бидат на топ листите ... Буч на него ке му се импутира скорешниот затвор ... некаде пониско ке се споменуваат оние вистинските теми ... економските ... вработувањето ... растот на цените и платите .. инфлацијата ...
Така да всушност иакао на 1 јуни (недела) се одржуваат парламентарни избори во РМ ... тие во голема мера ке личат како референдумско изјаснување за нашето име ... особено кампањите ке трошат време на појаснување на своите ставови околу спорот со името ...
No comments:
Post a Comment