Дали Груевски со прифаќање на идејата за нови избори ризикува да ја изгуби подршката од САД и ЕУ дипломатската фела ... Ова само Груевски го знае ... тој е тој што добива јасни сигнали ...
Јасна е пораката на САД и ЕУ дипломатската фела - итно решавање на прашањето со името ... во ситуација кога Груевски им дава приоритет на изборите ... можно е САД и ЕУ дипломатите да му свртат грб ... ке го видиме тоа наскоро ... Досега на избори не победила ниедна партија во МК ако немала јасна подршка од САД и ЕУ дипломатијата ...
Да не заборавиме дека многу од ЕУ авторитетите повикаа да се реши прво прашањето за името - па после да се оди на избори ... тоа јасно и Нуланд го соопшти ... но ...
Не ми е јасно како ке работи Груевски на прашањето за името во услови на нови избори ?? Или сака топката целосно да му ја префрли на Претседателот Црвенковски - кој во услови на избори функционира со целосен легитимитет ... Тука ли лежи зајакот ... кој ке го направи попустот за името ... Опозицијата до сега со полна уста бараше прво да се реши името - и поканата за ЕУ па потоа избори ... значи - опозицијата инсистира оваа Влада да ги направи одстапките за името ... а сега Груевски како да ги дава вруќите костени на Председателот ни ...
Можни ли се трајни последици по Македонија заради прекинот/одложувањето на преговорите за името ... во услови кога “железото е вруќо“ ...
No comments:
Post a Comment