Search This Blog

Tuesday, April 08, 2008

Горчина ... ја мразам транзицијата со сите последици ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/2143EF0FEF733B4AAE1BE846BC3B0C8C.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/2F7F2D91221248459166843E3265A1FF.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/DD32C0456D33FA48A7908D5F7A86E877.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
http://www.makfax.com.mk/cgi-bin/get_img?NrImage=2&NrArticle=91166
Деновиве е актуелно судењето на групата од „Змиско око“ ... но мене сето тоа ми предизвика горчина во мојата душа - од болното сеќавање на зградата во која се одвива судењето ... Тоа е зградата во која работев скоро 12 години од мојата почетничка кариера ... зградата на “секторот за странство на Пелагонија“ - како што го викавме ...
Колку само убави спомени имав од таму .... бевме фирма со респектибилна броја од 12.000 вработени - од кои неретко годишно по неколку иљади работеа во странство ... Колку само бев горд додека работев таму ... во прекрасни простории со сите услови ... разладени простори ... холови и прекрасни канцеларии ... сали за состаноци ... Ова сала беше сала во која одржувавме годишни собранија ... предвидена за проекција на нашите успеси ... последниот успех беше добивањето на наградата АВНОЈ ... предходно добивме награда како престижна компанија која изведува работи во странство ... како ли само се успеја да се упропасти таква компанија - која сега е доведена на ниво на неколку стотина вработени ... кои живеат од кириите издавајки ги престижните згради на Пелагонија ...
Се сеќавам на безбројте приредби во ова иста сала - кои ги организиравме по разни поводи ... на дедомразовците и малите дечиња кои рецитираа творби пред дедо мраз ... на осмомартовските дружења ... на кугланата во подрумот ... на трим кабинетот - сала за вежбање ... на садењето на дрвјата пред зградата ... на чистењето на високите снегови ...
Сето тоа пропадна како да минала фурија ... која ги избркала едните луѓе (нас ...) и внела сега некои други луѓе таму ...
Ја мразам транзицијата со сите последици ... со сите расипани човечки судбини и разноразни профитери кои ја искористија ... транзицијата која уште трае ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter