Во постот: Грција ја изгуби битката за нашето име ... напишав “... Најпрво ја прекрши спогодбата (меѓународен договор за кој е гарант ОН ...) која со ова треба да се смета за неажечка ... само треба да се најде убав правен пат како да се изведе сето ова пред ОН ... дали ке следи тужба во Хаг или процес во Советот за безбедност ... или некоја друга “парада ...“
Америте советуваат да се продолжат преговорите за решавање на спорот со името ... (ова го порачуваат во јавни настапи - но што советуваат во тет-атет разговорите ...) тоа го предложуваат и други лидери кои беа прашани на НАТО самитот ... и нашите лидери велат дека ке ги продолжат преговорите ... погласен за ова е Председателот ни ... Премиерот изјави дека размислува и за тужба во Хаг ...
Навистина тактиката треба паметно да се одбере и да се одмерат сите последици од оваа или онаа варијанта ... искрајно јас би играл така како не советуваат америте ... што се точно советите знааат само оние кои се моментално на власт ...
Околу тужбата во Хаг ... Се појавија тврдења дека Договорот за времената спогодба - вопшто не е поминат во прламентот во Грција ... а има такви кои велат дека за ваков правен акт воопшто не е потребно одобрение од грчкиот парламент ... Оваа правна ситуација мора да се расчисти со помош на домашни и странски правни експерти од меѓународното право ... Ако требало да се изгласа во грчкиот парламент - значи дека договорот не е на снага ?? ... Но скоро сум сигурен дека грците не би оставиле вака важно прашање да виси во правна дупка ...
Понатака мора да се исконсултираат советниците (внатрешните и надворешните ...) дали ние сме ја кршеле спогодбата ... како што грците велеа во неколку наврати ... со преименувањето на ајродромот да речеме ... со некои други испади ...
Околу нашиот национализам, на кој инсистираат грците ... случаевите со картите на голема Македонија ... мора да го спротивставиме грчкиот национализам ... кој е осведочен во многу случаи ... еден од таквите беа песните кои се пееа во грчката армија при вежби ... каде македонците се нарекуваа со погрдни зборови ...
- ЕТНИЧКА КСЕНОФОБИЈА и НАЦИОНАЛИЗАМ ... во Грција ...- Виножито повторно го загорчува животот на грчките политичари ...
- Писмото на Павлос Филипов Воскопулос - Виножито ... до д-р Кондолиза Рајс
- ИСТОРИЈА на Македонското прашање во Егејска Македонија
- Нашата култура е нуклеарно оружје против тезите за хомогено грчко општество
- ШТО ПОНАТАМУ
No comments:
Post a Comment