Search This Blog

Tuesday, April 22, 2008

Случај “Малчевски“ ...

Од медиумите дознавме дека оспоруваниот лидер на Сојуз на студенти при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - вчера ја напуштил седницата на Сенатот - во знак на протест на политичката ангажираност на претседателот на ова највисоко универзитетско тело, Славе Наумовски. (СДСМ ... бил на нивна седница ... само не разбравме дали Славе Наумовски е и член на СДСМ - или само учествувал на некоја трибина ...)

Се прашувам дали Малчевски заборава дека и самиот е избран и подржуван од една партија и дека само формално не е член на ниедна партија ... и врапчињата знааат чиви интереси штити ... и вчерашниот настап го сметам само за театар ... за жал политиката во Студенската организација е одамна влезена на голема врата и никако не може да се ослободи од неа ...

3 comments:

Anonymous said...

Prijatel veze ti nemas a se deklariras kako nekoj upaten u sverata na studentskoto dvizenje
A u princip covek od marginalci kako tebe i sl nemoze ni da ocekuva progres...
Fala bogu i ne mi e jasn0o kako si naucil da koristis kompjuter!!!
Nenad Lazarov

Anonymous said...

Незнам од каде вакво возбудување за потегот кој и воопшто не беше мој туку на раководството на ССУКМ... Имено за да ви биде јасно партиски функционер, без разлика на која политичка опција припаѓа, не смее да има функција на Универзитет тоа е во спротивно со Законот за високо образование и Статутот на УКИМ и не гледам причина за толкаво возбудување од ваша страна... Тоа значи почитување на позитивни законски прописи и акти на УКИМ, и никој не е над нив... тоа еднаш треба да почне да се почитува во оваа држава. Поздрав

Самоил Малчески

Photo Volan said...

Самоил Малчески

Драг малд господине Малчевски ... незнам на каков начин дојдовте до овој пост ... но ме радува што ја пратите блогосферата ...

Тоа што го напишав во мојот пост - е само лична импресија на вашиот “театар“ кој беше прикажан во нашите мејнстрим медиуми ... имено обвинувајки за една работа еден од господата во Сенатот ... како да ја заборавате позадината на вашиот “случај“ кој Ве следеше додека траеа изборите ...

Сегашниот премиер би рекол “од авион се гледа чива опција и политика застапувате“ ... оној ден кога ке видам дека јавно напаѓате некој политичар од позицијата т.е. поточно од ВМРО-ДПМНЕ, јавно ке Ви се извинам ... но за жал тоа до сега не сум го видел ... и затоа и ваквиот пост ... Имено лицемерно е да обвинуваш дека некој не може да обавува функција бидејки е член или незнам јавен симпатизер на одредена партија ... знаејки со каков беграунд настапи на изборите за твоето место за председател на ССУКМ ...

Blog Archive

Site Meter