Дали се менува политиката на САД ... особено надворешната со промена на Претседателот на САД ... категорично тврдам НЕ ... од проста причина што Председателите на САД , па дури ако сакате и двете партии во САД се само слепи послушници на сценаријата кои ги пишуваат “стручните служби во САД ...“ организирани и платени од мултинационалните компании кои се дефакто владетели со светот и светската политика ...
Од горното извлечено ако вистинското сценарио на САД беше да се прими Македонија во НАТО ... тогаш грците низ годините кои ке следат скапо ке ја платат цената ... башка што не ке можат да издејствуваат промена на името ... едноставно Македонците тоа нема да го дозволат ... а уште помалку ке можат да чепкааат по идентитетот ...
Ке следи сценарио како што следеше овие последни 30 години во јужните делови на бивша ЈУ ... ке почнат да никнуваат борци за човекови права ... кои ке бараат вакви, такви, онакви права кои по меѓународното право им следуваат ... ке почне светското јавно мнение, кое е диктирано од истите сценаристи да пишува вакви, онакви написи - за да потече вода во сценаријата ...
Во светот како глобално село ... не се возможни национални држави во тотална смисла на зборот ... луѓето не умираат таму каде ке се родат ... туку таму каде го имале последното свое вработување ...
Македонија треба мудро да плови на бранот на политиката на САД ... како што тоа последниве многу години го прави албанскиот народ ... секако дека реформите мора да се спроведуваат не поради НАТО и ЕУ ... туку поради нас самите ... а национализмот и историјата МОРА да се остават на историјата и да бидат како и останатото културна придобивка и разлика со кој аке се гордееме ...ама од кое не можеме да живееме ... тоа до сега во светот им успеа само на Грците ... но еве и за нив како да се гледа крај на приказната ... крај на национализмот и етноцентризмот ...
Дај боже за првпат да сме добрите момци во сценариото на САД сценаристите ...
No comments:
Post a Comment