Денеска е Велики Петок ... За Православните христијани и за сите христијани воопшто овој ден си има посебно значение ... види на сајтот на МПЦ ... денот е со најстрог пост ...
- На денешен ден Исус е осуден и распнат на крстот на ридот Голгота, каде што ја предал душата на својот татко.- „Татко, прости им бидејќи не знаат што прават“, повикал Исус од крстот гледајќи што прави народот и војската со него.
- Велики петок се смета за најтажен ден во христијанството, бидејќи на овој ден Исус умира жртвувајќи се за сите луѓе.
- Според христијанските обичаи, на Велики петок се пости, се јаде само сув леб и се пие вода.
На Велики петок не се пее, луѓето не се веселат, а од Велики четврток до Велигден, денот кога Исус воскреснал, не ѕвонат црковните ѕвона бидејќи тие кај православниот свет се знак на радост. Времето на богослужбите се најавува со дрвено клепало
No comments:
Post a Comment