По шлаканицата во Букурешт - град кој дефинитивно вечно ке остане во лошо сеќавање како град во кој Македонија трпи сериозни и судбоносни удари ... Македонија и Македонецет мора да се вратат во нормала и да продолжат да чекорат по својот пат ... кој нели сите знаеме дека е трнлив ... не само заради нашите осведочени душмани од страна, туку и заради разединувањето одвнатре ... и заради експериментот на таканаречената мултинационална држава ... која всушност отиде во модел на бинационална ... концептот нели требаше да биде граѓански ... Но тоа е со што располагање ... во таа каша сме ... и мораме тука да продолжиме да живееме со сите проблеми ... мораме да го чекориме нашиот пат ...
Вистинските проблеми на Македонецот се економските проблеми ... од кои наизразен е огромната стапка на невработеност - највисока во ЕУ ... втор проблем се нискиот стандард на оние што работат произлезен од ниските плати - кои не ги покриваат трошоците на потрошувачката кошничка ... дури потоа доаѓаат сите други проблеми кои се големи но не се толку приоритетни ...
Решението на нашето опстојување е во решавањето на овие два горни проблеми ... Митот беше дека - се ке се реши со навалица на странски инвестици ... кои ке дојдат на “ливада“ ке градат фабрики во кои ке се вработува “високо образованиот“ (мит ...) МК народ ... ги растуривме сите големи системи кои смеќаваа на крупниот капитал ... но тој сеуште не доаѓа ... исплашен од многуте нестабилности во Македонија од внатрешните недоразбирања ... башка што МК не е баш таков “крстопат“ како што пишуваше во некогашните учебници од кои учев ... нема ни доволно свои енергенси ... нема ни некакви рудни богатства кои би биле мамка за инвеститорите ... Реално останаа земјоделието како реална можност на Македонија но само во делот на раноградинарството ... секако е тука и овоштарството (јаболка, круша и др.....) и да не го заборавиме виноградинарството ... за кое МК има огромни предности ... Неискористени можности се секако и терцијалните дејности, туризмот да речеме ... но не оној масовниот туку оној специфичниот ...
Македонија мора да се потпре на својот буџет и да го користи како развојна компонента ... заедно со паметно земање на кредити ... мора да се направат реформи во банкарското работење ... конечно да видиме брендови на банки ... и мора да ги укинуваме монополите .... и многу друго “мора“ ... сега не ке пишувам изборна програма ... :)
No comments:
Post a Comment